Балерина се станува со чувства, ум и срце

Деветгодишната балерина Еда Калиќи има учествувано на повеќе натпревари на локално и државно како и на меѓународни ниво. Во конкуренција со нејзини врсници има освоено први места. Покрај натпреварите во балет, минатата година на државниот натпревар по пијано Еда го освои второто место. Сепак, нејзина страст е балетот. Во четвртата епизода од серијалот „М-арт“ ве запознаваме со уште еден успешен пример на млада уметничка која заслужува почит.

Можеби ќе ве интересираат и другите приказни од нашиот серијал:

Кога гитарата е и сон и јаве

Талент за оскар

Хип-хопот мотивација за успех

М-арт, Платформа за промоција на млади уметници е проект финансиран од Министерството за култура.