Вирусот се шири со дронови од небото

Шефкије Аласани, Теута Бучи, Рита Сила, Албрие Џемаили, Лутфије Нухиу и Адем Јашари

Со почетокот на глобалната пандемија Ковид 19, започна и жестока кампања на дезинформирање. Светот од една страна се бори против пандемија, а од друга страна со инфодемија. Лажните вести претставуваат опасност за јавното мислење, бидејќи предизвикуваат забуна, несигурност, страв и хаос во општеството. Теориите на заговор за коронавирус се толку многубројни и чести, што понекогаш со нивната нелогична содржина, успеваат да создадат дилеми во вашата глава. Во овој период, граѓаните на Северна Македонија се психички измачувани од десетици лажни вести, со доста вознемирувачка содржина. Меѓу насловите кои најмногу се дискутираа во јавноста беа:

ВИДЕО: На небото над Куманово вчера е забележана невообичаена појава – Луѓето се сомневаат во сè и сешто;
5Г Мрежата убива;
САРИН а не КОРОНА е причината за три месечна карантинска изолација!?!
Глобалните пандемии избиваат на секои 100 години;
Корона вирусот, создаден и патентиран во Велика Британија.
Масовна смртност на птиците во Македонија;

Новинарот Џелал Незири цени дека има две причините зошто лажните вести се парадоксално толку веродостојни за нас:

Прво, тие се спектакуларни, многу поинтересни од вистинските вести.

И второ, Северна Македонија е на дното на листата на европските земји за медиумска писменост.
„Со само 10 од 100 максимални поени, претставува голема разлика со Финска која го држи првото место со 76 поени. Значи, мал број граѓани кои имаат пристап до интернет знаат да разликуваат вистина и лаги кои се служат во доменот на онлајн информациите. Според статистичките податоци, во Северна Македонија, пристап до интернет имаат над 70% од населението, а поголемиот број од нив не се медиумски писмени“, изјави Незири.
Според него, ова претставува добра основа за ширење лажни вести, како од центрите на политичка моќ во земјата, за борба против политичкиот противник, така и од странски центри, кои се заинтересирани за несигурност во земјата и регионот, конфликти и недоверба во веродостојни институции и медиуми.
„За време на пандемијата, Русија и Кина често користеа лажни вести за да градат наратив дека САД и ЕУ стојат зад корона вирусот, дека Русија и Кина поспособни во справувањето со пандемијата и посолидарни кон другите земји, дури и дека вирусот воопшто не постои. Без да се подигне нивото на писменост, без медиумско образование на читателот од основно, средно и високо образование, како и без континуирана кампања, земјата и регионот ќе останат полигони за тестирање на различни форми на дезинформирање“, истакна Незири.
Во борбата против дезинформирмациите, Владата на нашата земја минатата година предложи сеопфатен план каде првиот чекор ќе биде широка дебата за потребата од заедничко дејствување против лажните вести.
„Владата на Република Северна Македонија со посветеност и внимание ја следи дебатата што се одвива по најавата за подготовка на Планот за одлучувачко дејствување против ширење на дезинформации. Предложениот план против дезинформирање е првиот чекор кон отворање на сеопфатна дебата за потребата од заедничко дејствување против лажните вести, каде одлуките ќе се донесат само преку договор. Лажните вести доаѓаат од темната страна. Да ги изложиме сите заедно во светлото на вистината“, се вели меѓу другото во соопштението на Владата.
Разновидноста на теориите на заговор околу коронавирусот е голема, од теории на заговор на глобално ниво до теории создадени на локално ниво.
Додека чекате ред пред маркет, банка или институција ќе слушнеш најразлични стории околу појавувањето на пандемијата Ковид 19.
„Вирусот е создаден во лабораторија и потоа проширен со дронови. Тие сакаат да ги заклучат луѓето во своите домови за да можат масоните слободно да работат на своите проекти“. Ова е една од оние локални теории која често се среќава во нашето општество. Загрижувачки е фактот дека оваа теорија е дискутирана, во која веруваат и млади луѓе, кои деновиве, благодарение на технологијата, многу полесно можат да го зголемат обемот на знаења. Потребни се само неколку кликови на официјални интернет страни и веродостојни извори, за да се сфати дека една таква теорија е апсурдна и е срамота да и’ се верува.
На официјалната интернет страница на Светската здравствена организација (СЗО), сите митови и нејаснотии за пандемијата се разјаснети со факти и аргументи. Врз основа на научни истражувања, СЗО истакнува дека Ковид 19 е заразна болест, претходно непозната за човештвото. Се појави во Вухан, Кина кон крајот на 2019 година и се откри дека предизвикувачот е коронавирус. Коронавирусите се големо семејство на вируси кои можат да предизвикаат заразни болести кај луѓето и животните. Што се однесува до луѓето, некои коронавируси се познати по предизвикувањето на респираторни проблеми кај заболените. Новиот коронавирус се именува со КОВИД 19 (КО-корона, ВИ – вирус, Д-болест (disease), и 19 поради откривањето во  2019 година. Најчестите симптоми на Ковид 19 се: треска, сува кашлица и замор. Повеќето луѓе (околу 80%) се излекуваат без потреба од болничко лекување. Постарите и луѓето кои страдаат од некоја друга болест, се поизложени на опасност од сериозни проблеми предизвикани од новиот коронавирус. Ковид 19 се шири многу брзо преку физички контакт и неодржување на лична хигиена. Луѓето можат да се заразат со Ковид19 од веќе заболени лица. Болеста се шири од личност до личност преку мали капки од носот или устата, кои се испуштаат во воздухот кога некое лице заболено од Ковид19 кива кашла или зборува. Овие капки се тешки и брзо паѓаат на земја. Луѓето се заразуваат со Ковид 19 ако вдишуваат воздух додека капките се сеуште во воздухот, затоа се препорачува физичко растојание од 1 метар. Заразувањето може да се случи и ако се допре предмет или површина каде што паднале капките на едно заболено лице и потоа се допре устата, носот или очите. Во еден извештај на СЗО се вели дека нема ниту едно известување дека вирусот може да се шири преку воздух.
“Според сегашните податоци, Ковид 19 се пренесува меѓу луѓето преку респираторните капки и контакт. На една анализа на 75.465 случаи со Ковид 19 во Кина, немаше известувања дека вирусот се пренесува преку воздух”, – се истакнува на извештајот на СЗО.
Всушност, теоријата дека вирусот се шири преку воздух  се рашири  во моментот кога во небото се појави еден феномен, чуден и необјаснив за многу луѓе. Станува збор за појавувањето на сателитите на приватната вселенска компанија Спејс Екс.
На 18 април на небото се видоа серија мали светла, кои се движеа на координирано една зад друга. Оваа појава предизвика многу паника и направи да многу луѓе измислуваат „објаснувачки“ теории од најразлични видови. Некои велеа дека се само ѕвезди, други дека горат метеори, а пак имаше и такви кои се сомневаа дека се дронови кои го распрснуваат коронавирусот. Од друга страна, имаше луѓе кои уживаа во овој спектакл, отфрлајќи ја оваа појава како одговорна за пандемијата на коронавирусот.

Но, што точно се овие сомнителни светла што луѓето ги перципираат како чудна појава?
Светлата кои ги видовме на небо се сателитите Стралинк од американската компанија Спејс Екс на иноваторот Илон Маск. Старлинк е името кое му се даде на проектот Спејс Екс на Илон Маск, а кој има за цел да создаде констелација на сателити на најнискиот дел на орбитата за да ја подобри услугата на интернетот.
Според официјалната страна на Спејс Екс, сателитите Старлинк лансирани со ракета Фалкон 9 од Кејп Канаверал, Флорида, се создадени да праќаат сигнали на интернет. Спејс Екс лансираше вкупно 180 сателити во орбитата, што исто така ја прави оваа компанија со најголема флота на комерцијални сателити во орбитата. Затоа, нема потреба за грижа и шпекулации, бидејќи целта на сателитската мрежа Старлинк е да донесе брз интернет во вашите домови.
Експертите сметаат дека недостигот на соодветно информирање на јавноста од страна на медиумите и институциите, создаде простор за паника и шпекулации.
“Сателитите кои нашите граѓани ги видоа на небото се дел од голем проект, таканаречен „поврзувачки ѕвездени сателити“. На секои две недели се лансираат по 60 сателити. Спејс Екс има дозвола за лансирање на 12.000 сателити во орбитата. Нема од што да се плашите, ова се нови трендови создадени да ги олеснат и подобрат животите на граѓаните. Од друга страна, многу е нормално населението да се плаши, бидејќи не е доволно информирано, а главниот товар за тоа го носат државните институции и медиумите. Треба да има повеќе статии од ваков вид за да се обезбедат вистинити информации за иновативни процеси, и како резултат нивното прифаќање ќе биде полесно и без изразена паника“, изјави Азир Алиу.
Во врска со областа на технологијата и иновативните случувања во технологијата, универзитетскиот професор Азир Алиу вели дека се бројни факторите кои влијаат на целокупното ниво на населението во пристапот до технологија.
Многу фактори влијаат за еден народ да биде во тек со технологиите и технолошките процеси, како: образовниот систем, државните служби, инфраструктурата и пристапот до Интернет на населението, формалното и неформалното образование во овој правец, државната економија и многу други фактори. За жал, целиот овој екосистем што мора да биде компатибилен со светските трендови и да ја стимулира дигитализацијата, во нашата држава има застој во многу сегменти, особено во образовниот систем”, истакна Азир Алиу.
Професорот Алиу алармира дека нашето општество треба што поскоро да се освести за важноста на дигитализацијата.
“Светската економија се подготвува за индустријата 4.0, што значи дека процесите имаат тенденција да се управуваат од Вештачка интелигенција (AI). Овој тренд не може да се занемари кај нас, како на економски така и на други секојдневни аспекти. Европската комисија работи со голем интензитет за да го дефинира профилот на дигиталниот граѓанин, а во европските училишта сега го имаме и предметот „Дигитално граѓанство“. Како заклучок, колку побрзо се соочиме со барањата за дигитална трансформација на нашето општество во земјата, толку побрзо ќе се приклучиме кон светските процеси и трендови. Во спротивно, ние ќе бидеме некомпатибилни како општество и тоа ќе ни донесе неволји како во нашиот секојдневен живот, така и во бизнисот и во управувањето со процесите“, додаде Азир Алиу.
Со истиот ритам со кој се шират лажните вести, се шири и пандемијата. Додека на социјалните мрежи за неколку часа лажните вести се споделуваат по стотици илјади пати низ целиот свет, бројот на заразени достигна над седум милиони случаи, од кои над 400 илјади завршија со смрт.

Лажните вести, покрај тоа што нè мачат психички, влијаат и на нашите животи.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.
Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.