Во тек на последните месеци, а посебно за време на карантин, стресот, стравот и депресијата зафатија поголем дел од нашите животи. Секој од нас го доживеа поинаку карантинот, тешко и со страв. Пандемијата и карантинот влијаеше како на нашето физичко здравје, но повеќе на менталното здравје. Ни ја промени рутината и влијаеше врз секоја сфера.
Од почетокот на пандемијата со корона вирусот, нај загрозената група беа баш лекарите. Тие секојдневно беа први во контакт со заразените со корона вирус и ова навистина беше предизвик. Предизвик беше и за младите лекари, еден поинаков предизвик.
За лекарот Бесник Хамити, искуството со корона вирусот беше ново, поинакво и предизвикувачко.
“Периодот на карантинот беше ново искуство за лекарите, а посебно за младите лекари. Целата атмосфера на психологијата на масата влијаеше и на лекарите, посебно врз менталното здравје. Но, благодарение на искуството на поискусните лекари, имавме добра контрола над ситуацијата„ истакна Бесник Хамити, лекар.
Како најважна лекција од пандемијата и карантинот, Хамити, ги издвојува активностите за релаксација, и вели дека “За време на карантин е важно да се најдат различни начини за да се исполни времето со релаксирачки активности, било да е тоа читање или физички активности, така да мозокот се преокупира со релаксирачки активности пред стресните.„
Нефисе Шабан, психолог, вели дека „Луѓето многу лесно се стресираат, кога нешто непознато е присутно во нашиот живот.“
„За време на карантинот, сè беше непознато, чудно и застрашувачко. Не знаевме кога ќе се вратиме во нормала, кога ќе се отворат границите или кога ќе се вратиме на работа или на училиште. Што се однесува до нашиот секојдневен живот сме заостанале доста, затоа ова чувство на непознато автоматски сее стрес во нашиот живот“ истакна Нефисе Шабан, психолог.
Шабан ја истакнува важноста на методите за менаџирање со стресот, посебно за време на пандемијата кога се се збуни, за што таа вели дека „Сите треба да бидеме свесни за разликата меѓу здравиот и нездравиот начин на менаџирање. Многу луѓе користат методи на нездраво менаџирање, како што е прекумерно консумирање на цигари или алкохол. Додека за стабилно ментално здравје, Шабан препорачува вежби за дишење, повеќе спорт, комуникација и особено, да се биде продуктивен, кои таа ги препорачува како неопходни активности. Ако би биле повторно во карантин, Шабан рече: „Јас би се советувала да постапувам според распоредот, бидејќи се чувствувам како да сум изгубила многу слободно време, наместо да го користам за нешто продуктивно.„
Пандемијата остави белег насекаде, во секоја сфера, вклучувајќи го и спортот.
„Повторно вежбав, но со помал интензитет, со надеж дека ќе имаме некој натпревар бидејќи навистина многу ми недостасуваше тој адреналин, енергијата што ја даваат натпреварите “рече Дрита Ислами, атлетичарка, една од анкетираните.
Ислами, една од најуспешните атлетичарки во Северна Македонија, вели дека ситуацијата за време на пандемијата и карантинот била прилично стресна, бидејќи ништо не било јасно што ќе се случи следниот ден.
„Вежбав цело време редовно за време на карантинот и изненадувачки бев многу подисциплинирана и редовна за време на карантинот и полицискиот час, отколку кога беа олеснети некои мерки (на пр., групни вежби, подготовки во други градови во земјата). Да бидам искрена, откако почнав да спортувам, бев во еден вид „карантин“, бидејќи спортистите се секогаш изолирани од другите. Во тек на подготовки седиме сами по 2-3 недели кога сме под режим и некако ми беше многу лесно на почеток, но потоа се оддолжи многу и почна доста да влијае психички. Кога почнаа да пристигнуваат вести дека се откажуваат натпревари не се чувствував добро бидејќи мислев дека сите подготовки и труд беа залудни. Иако бев доста демотивирана, не ги оставив вежбите настрана. Бев под голем стрес бидејќи ништо не беше јасно, особено ситуацијата во врска со натпреварите, дали ќе се одложат или откажат за оваа година. И цело време вежбав чекајќи да се закаже друг датум, но не со истата мотивација бидејќи постоеше можност тие воопшто да не се одржат. Пандемијата значително влијаеше на мојот успех, но се надевам дека во иднина ситуацијата ќе се подобри и во однос на условите за вежбање, бидејќи стадионите остануваат затворени уште од почетокот на пандемијата и го отежнуваат физичкото подготвување за следната сезона за која се надевам дека ќе биде нормална“ – рече Дрита Ислами, атлетичарка.
Според Ислами, не само за време на пандемијата и карантинот, туку и во секојдневниот живот, спортот е најефективен метод за елиминирање на стресот. Ислами истакна дека „Спортот е единствениот метод што секогаш го користев за да се ослободам од негативната енергија. Трчањето многу ми помага и ме смирува, и не можам да го замислам денот без никаква физичка активност. Еден ден без спорт според мене е изгубен ден. Покрај спортот, честопати практикував да читам, студирање, бидејќи последните испити пред дипломирање беа баш за време на карантин“.
Изминатиов карантин не научи многу нешта, некои од најважните, и тоа како секој индивидуално да се соочи и справи со создадениот стрес во тие ситуации. Но, има и нешто уште поважно, следниот карантин ќе не најде поподготвени од првиот.
Арта Ќерими