Диверзитет значи никој да не остане на страна

Фокусирајќи се на односите меѓу двете најголеми заедници во државата, често ги занемаруваме тие помалите, но кои реално се еднакво важни. На дискусијата во Гостивар организирана од Диверзити Медиа во рамките на проектот Глокални Дикусии се дискутираше токму за нивните предизвици и како да се насочи вниманието на нивните потреби. Гостивар е еден од градовите  во кои живеат припадници на сите националности во Македонија. Зоран Маџовски, кој повеќе години работи како новинар во овој регион, раскажува за неговото професионално искуство при работата со сите заедници. Тие, според него, колку што се слични по своите исти интереси и потреби, толку и се разликуваат кога се работи за нивните убедувања. Тука живеат повеќе заедници и тука се испреплетуваат интересите, или пак основните потреби на човекот како вода, воздух и хигиена, но луѓето имаат и други навики кои ги водат, било тоа да се верски или други  други убедувања, во последно време и политички, така што луѓето сами по себе се поделени и се различни, смета Маџовски. Мухамед Точи е претставник на ромската заедница. Тој ераководител на Секторот за човекови права и меѓуетнички односи во Невладината организација „Месечина“. На дискусијата рече дека по осамостојувањето на земјата, дневната политика ја донела оваа заедница, пред предизвици и на тоа гледа како на натпревар само меѓу Македонците и Албанците. Нивната перцепција е дека Охридскиот Рамковен договор е постигнат само за албанците и македонците. На наредното прашање, зошто имаат таква перцепција, се изјасниле дека од тогаш па се до денес не е направено ништо јавно од кое може да се види дека е направено нешто во полза на ромите, вели овој невладини активист. Меѓутоа, во Гостивар по се изгледа владее една хармонија која се разликува од другите делови на Македонија. Според аналитичарот Алберт Муслиу официјализирањето на тријазичноста во овој град е показател на добрата волја на локалните власти, но за да се направи повеќе, потребна е подршка од централната власт. Помалите заедници се уште поранливи и економски уште помаргинализирани. Но, мислам дека целата работа не може да биде ефективна доколку се нема институционална помош од централната власт. Централната власт ја има економската моќ да им го овозможи ова материјализирање и на локалните власти. Мислам дека како заедница, во Гостивар има релативно изразена толеранција. Стереотипите постојат и тие треба да исчезнат, но ова е еден друг дел на обврските на заедницата, објаснува Муслиу. Тој исто така ги истакна и добрите односи на турската заедница со Турција, што влијае за нивно унапредување во рамки на заедницата во однос на ромската заедница. Во последните години ромската заедница во Општинскиот совет во Гостивар е претставена од еден советник и со ова е олеснета заштитата на нивните интереси. Гостивар очекуваше да биде спомнат во историјата за поставување на знамето на ромската заедница на 8 април пред Општината во Гостивар. За ова нашата организација „Месечина“ почнала да лобира уште пред неколку години, но за жал Тетово не претекна. Минатата година Тетово за прв пат го постави знамето на ромската заедница, а нашите очекувања се дека оваа година, локалната власт ќе има разбирање за ромската заедница како што има за турците, што е за поздравување, смета Мухамед Точи. На дебатата можеше да се слушне и став дека судбината на ромската заедница не треба да се остави само во рацете на граѓанското општество.  За да се надминат стереотипите треба да влијаат и политичарите, кои треба да ги промовираат демократските вредности и дефинитивно да го променат мислењето дека Ромите можат да се манипулираат лесно, и дека нивниот глас може да се купи за ситни пари. Евтиниот глас за кој реков дека ќе зборувам, не се случува само кај ромите, и не се купуваат само гласовите на ромите. Се купуваат сите тие гласови каде што политичарите може да влијаат и да ги купат истите, изјави овој претставник на ромската заедница. Граѓаните кои учествуваа во дискусијата раскажаа како тие го доживуваат збирот на различности и кое би можело да биде решението за поголема благосостојба. Меѓу другото, од ова произлезе и една многу сериозна идеа, таа за формирање на Комисии за меѓуетнички односи во рамки на општинскиот совет. Треба да се направи повеќе за факторизирање на комисиите за Меѓуетнички односи меѓу заедниците. Иако не ја знам важноста која може да ја има една таква комисија која ќе може да ги вклучи и етничките малцинства кои не се вклучени во процесот на донесување на одлуки во Општинскиот совет, мислам дека зајакнувањето на овие комисии би ги претставувало повеќе интересите на етничките заедници, а уште повеќе на малите етнички заедници, вели граѓанин на Гостивар. Од друга страна, голем дел од претставниците на малцинските заедници имаат една многу објективна желба, смета друг граѓанин. Би сакал моите внуци да растат во град сличен на овој, но би сакал, апелирам до локалните власти, табелите по улиците да ги видам и на ромски јазик. Освен основните потреби, како инфрактруктура, имиња на улици и употреба на јазикот, присутните рекоа дека дошло време да се зборува и за развој на културата, традицијата и медиумите, и за ова се потребни посебни средства од централната власт.