
Диверзити Медиа
Диверзити Медиа (ДМ) е непрофитна организација формирана со цел да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, како и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија.
Целта на ДМ е да се подигнат стандардите во целост со воведување висок професионализам во новинарството преку Интернет медиумите и радиото.
ДМ ја застапува идејата дека граѓаните се суштината на политичкиот и општествениот живот. Поради тоа, организацијата ќе им помогне на граѓаните да бидат дел од важни дебати, особено на оние граѓани кои припаѓаат на немнозинските и маргинализирани групи.
Со проектот „Добро информирани граѓани како основа на демократијата“ Диверзити Медиа директно го поддржува радиото како медиум. Тимот на ДМ преку Интернет страницата new.diversitymedia.mk како и со употреба на новите медиуми ќе им овозможи на партнерските радио станици да имаат пристап до радиски информативни пакети и анализи кои ќе може да ги емитуваат во нивните прогами.
Обуки и тренинзи
Една од целите на ДМ е промоција на културната разновидност. Така, Диверзити Медиа ќе организира обуки и конференции преку кои ќе го истакнува овој феномен. Организацијата ќе настојува да поттикне академски истражувања и ќе поддржи различни културни настани, како театарски претстави, изложби, концерти и филмски проекции кои промовираат различност, еднаквост, високи новинарски стандарди и демократски вредности.
Кои сме ние?
ДМ е основана од професионалци кои тргнуваат од начелото дека непристрасноста и објективноста е основа за добар новинарски производ. Дел од тимот кој го спроведува проектот се новинари со повеќегодишна работа во британскиот сервис BBC, докажани професионалци во областа на новинарската обука и развојот на медиумите, како и активисти од македонскиот невладин сектор.
Oсновачи на Диверзити Медиа

Душко Арсовски arsovski@diversitymedia.mk

Назим Рашиди rashidi@diversitymedia.mk

Весна Коловска kolovska@diversitymedia.mk

Самир Љума ljuma@diversitymedia.mk
Проектот „Добро информирани граѓани како основа на демократијата“ е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, преку програмата за мали грантови за развој на демократијата и човековите права.
