Како да се идентификуваат лажните вести?

Лажните вести постоеле отсекогаш, но во последните години, со развивањето на интернетот и „онлајн“ медиумите, ти се сé по распространети и дури станаa и начин за придобивка. „Онлајн“ медиумите го „олесниja” правењето на лажни вести, но го отежнаa идентификувањето на оние веродостојните. Читателот треба да биде внимателен за да забележи некои од карактеристиките на овие вести, несовпаѓањето на фактите и понекогаш и „игрите“ со предрасудите.

Лажните вести можат да се идентификуваат, или барем да се прочитаат покритички и со одреден скептицизам за нивната веродостојност. Почнете со неколку прашања!

Кој медиум ја пренесува веста?

Доколку наидете на некоја вест која ви го привлекува вниманието и сакате да знаете дали е веродостојна, осврнете се накратко и на другите содржини на тој медиум, погледнете ги и другите наслови, првите параграфи на информациите… Ако наидете на повеќе наслови кои ви изгледаат чудни, постои голема можност информацијата да не биде точна.

Кој е изворот на којшто се однесува информацијата?

Професионално начело на новинарот е информацијата да ја потврди од неколку извори и да ги контактира сите засегнати страни пред да ја објави веста. Новинарот има право да го држи во тајност идентитетот на изворот, но треба да бидеме внимателни колку можеме да им веруваме на овие вести. Во случај кога новинарот го крие изворот, тој треба да обезбеди што повеќе други информации и на други начини го потврди тоа што го напишал.

Дали има други медиуми кои ја објавиле истата вест?

Ако читаш за некоја невообичаена и интересна случка, мерило за нејзината вистинитост може да биде и објавувањето на истата од другите медиуми. На пример, ако веста дека еден министер имал сообраќајка ја пренесува само еден портал и ја нема во ниту еден друг медиум, можноста дека се работи за „ fake news“ е голема.

Колку реално може да биде веродостојна една таква информација?

Лажните вести главно се прават за да привлечат внимание, за да се добијат што повеќе кликнувања и за да манипулира. Затоа во нив често се зборува за бомбастични настани кои изгледаат многу интересни, сензационални, предвидуваат идни катастрофи, лекови за смртоносни болести, и слично. Колку по нереална се чини информацијата, толку е поголема можноста таа да е лажна вест.

Колку е сомнителен доменот на медиумот?

Сигурно сте забележале дека некои портали носат име или домен на некој друг познат и веродостоен медиум, можеби и на некоја следена програма, емисија или некој друг формат на некој медиум. Зад оваа манипулација со името мора да постои некоја причина, и голема е можноста таа причина да е ширењето на „ fake news“.

Останува дискутабилно прашањете до колку луѓе можат да допрат лажните вести, колкумина може да ги примат и колкаво влијание може да имаат. Ова зависи од други карактеристики кои особено се однесуваат на образованието воопшто, медиумската писменост на читателите или на едно општество, и колку тие ги употребуваат медиумите.

Кога станува збор за лажните вести треба да се истакне дека има други медиуми или платформи со сатирична содржина. Тие споделуваат делумно или целосно измислени информации. Ова форма на лажни вести е прифатлива, но во своите написи медиумот јасно треба да истакне дека се работи за сатирични информации и хумор.

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии