„Критичко размислување за активни граѓани“ на Алсат-М ТВ

Диверзити Медиа го почна медиумскиот дел од проектот „Критичко размислување за активни граѓани“ со телевиско интервју во програмата на Алсат-М телевизија. Душко Арсовски, еден од основачите на Здружението, зборуваше за целите и активностите на проектот. Беа опфатени и аспекти на феномените „лажни вести“ и „говор на омраза“ а, ја објасни и важноста од поголема медиумска писменост како најважен фактор да се справиме со овие проблеми на модерното секојдневие. Целиот разговор е во продолжение.          

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, проектот е имплементиран oд Фондацијата Метаморфозис во партнерство со ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии