М-АРТ поддршка за младите уметници

Диверзити Медиа почнува со реализација на проектот за поддршка и промоција на културата во Македонија.  Ја создаваме „М-АРТ“ која е платформа на социјалната мрежа Фејсбук на која ќе се објавуваат активности, настапи и успеси на уметниците од земјава. Идејата е на едно место да се пласираат информации кои ќе стигнат до што е можно поширока публика. Намерата ни е да им помогнеме на младите уметници кои, и покрај успесите, ретко добиваат простор во традиционалните медиуми. За почеток тимот на Диверизити Медиа ќе изработи серија видеа во кои ќе се запознаеме со дестина таленти- сликари, поети, музичари и др. Проектот е поддржан од Министерството за култура.