Подигнување на квалитетот на радио-прилозите беше главната цел на обуките за радио-новинари што од трети до шести октомври годинава беа организирани во американските катчиња во Штип, Битола и во Скопје. Обуките ги одржа тимот на професионални новинари од организацијата Диверзити Медиа Продакшн (ДМП). Тие се дел од проектот насловен “Добро информирани граѓани како основа на демократијата”. Учесници на тие обуки беа новинари од 13 радио-станици во земјава, инаку партнери на ДМП, како и студенти по новинарство од државните универзитети во Штип и во Тетово ангажирани како соработници во радијата.

Како се прави радио-прилог, во кој краткото и јасното, звукот и живописното се најважните елементи, а практичниот дел на обуката и теренската работа нешто непроценливо, се дел од насоките кажани и забележани на тренинзите.

Општа оценка на сите посетители на обуките е дека во нивната секојдневна работа, на прилозите им недостасува звукот како атрактивен елемент. Според нив, некаде тоа е поради начинот на обработка на прилозите, а во некои радија поради недостиг на квалитетна техничка опрема и познавање на програмите за монтажа од страна на новинарите.
Учесници на обуката во Штип беа локалното радио од овој град радио Енџелс, како и радијата Голди од Велес, кочанското ФМ, Хит радиото од Струмица, како и студенти по новинарство од штипскиот универзитет. На обуката во Битола пак, учествуваа радиото Холидеј од Прилеп, битолското Делфин, охридското Супер радио, како и нивните колеги од Кичево, од радиото Медисон. Во Скопје пак, како да ги подобрат радио-прилозите учеа новинари од албанската редакција на македонското радио, радиото Плус Форте од Тетово, гостиварското Комета, како и од кумановското Радио Браво. На оваа обука присутни беа и студенти од студиите по новинарство на тетовскиот универзитет.

Во текот на трите обуки учесниците направија вкупно шест прилози, кои партнерските радија ги емитуваа на својата програма. Но, нив, изворно може да ги слушнете и овде.
Knigi vs Internet by Агрон Врангала, студент, Државен универзитет Тетово, Мартина Стојанова – Радио Комета Гостивар, Зоран Јовановски – Радио Плус Форте Тетово, Суада Рамадани – Радио Плус Форте Тетово и Аида Џони МР
Domasen ili industriski – bez ajvar kuka ne biva (albanski) by Неџбедин Шакири
Studenti by Ико Стефановски – Радио Кочани ФМ, Ана Максимова – Радио Кочани ФМ, Столе Костов – Хит радио – Струмица, Никола Арсов и Симона Јованова
Opstestvena odgovornost by Маја Мојсова и Снежана Картошеска
Radio by Марјан Јосифоски и Цветанка Глогоровска
Ajvar by Лидија Кировска-Михајловиќ, Фросина Петровска, Неџбедин Шакири и Фатлуме Дервиши
Коментари на учесници за обуките на Диверзити Медиа Продакшн на тема “Што го прави радио-прилогот добар и предизвикувачки”

-Од обуката научив да правам изјави кои ќе бидат интересни за слушателите, со што на најдобар начин би ја доловил атмосферата на настанот. Би сакал да научам како да ги монтирам материјалите.
-Научив како се прави радио прилог кој ќе биде добар и предизвикувачки. Во иднина може обука за истражувачко новинарство.
-Како да напишам кратки и јасно текстови. Би сакал обука за пишување критика и почесто да се одржуваат вакви обуки.
-Внесување на што пожива атмосфера во пакетот. Во иднина може да се организира слична обука со мала група новинари, но следната со повеќе надгледни средства.

-Во иднина потребна е обука со ваков одличен практичен дел, како на оваа. Но, секој учесник индивидуално да си направи прилог.
-Научив две фундаментални работи за прилогот на радио: 1. Звук и 2. Кратко