Плановите висат, но здравјето е на прво место!

КОВИД 19 го погоди светот како невидена глобална здравствена закана, која предизвика доста негативни ефекти кај најкревката група на општеството – младите.
Разни студии покажале дека дистанцата и недостатокот на комуникација создаваат потешкотии за младите. Флутура Џемаили, студентка на втора година, вели дека пандемијата и’ го оневозможила движењето и последователно не можела да патува надвор од државата. Флутура има добиено меѓународна школарина за да студира во САД, но не може да патува и чувствува дека она за што работела толку долго, ја губи смислата.

-Најверојатно нема да патувам за Америка, бидејќи ништо не е сигурно. Кризата секој ден се’ повеќе се влошува…Рестрикциите како карантин и забрана за движење беа неправедни, заморни и понекогаш непотребни. Доволно е да се применува потребниот протокол и да не се спречуваат луѓето до таа мерка, бидејќи јас сум млада и имам соништа. Реално, Америка секогаш била мој сон„ вели Флутура.
Покрај ограничувањата на движењето што предизвикува и одложување на плановите, особено на младите, тие велат дека имаат потешкотии и со новиот начин на настава, учењето на далечина.
Алмира Алиу, ученичка од средно медицинско училиште, зборува за тешкотиите во следењето на наставата од далечина.
-Наставата на далечина во текот на кризата со КОВИД 19 голем дел од нашите наставници ги затекна доста неподготвени, бидејќи не успеаја да се здобијат со технолошки вештини пред кризата и нивното професионално искуство беше недоволно. Тие беа целосно изгубени од стресниот ангажман и од ситуацијата. Ние учениците имавме стотици прашања,  а системот не беше секогаш во можност да ви одговори онлајн. Лекциите беа испраќани фотографирани, скратени и нормално за ученичка која има амбиции да биде лекар во иднина, овие информации се недоволни. Од друга страна, бев оневозможена слободното време да го поминам читајќи, бидејќи библиотеките беа затворени, немаше доволно книги на интернет. Поради тоа,  јас сум многу разочарана поради изгубеното време“, вели Алиу.
Властите не ги негираат тешкотиите. Самата министерка за образование Мила Царовска во неколку јавни настапи изјави дека никој не ги крие предизвиците, дури и ги признава и тешкотиите што ги имаат некои наставници. Но, таа вели дека би било поразително за учениците доколку не се преземе ништо. Според министерката Царовска, иако со потешкотии оваа година, пофатален би бил прекин на развојот.
Сите страни во образовниот процес се согласуваат дека кризата носи последици и дека мора да се адресираат. Психологот Делвина Исмаили проценува дека младите генерално се оштетени и ја повикува владата да обезбеди ефективни психолошки интервенции за младинските групи, како и квалитет на образованието. Покрај телефонските линии од Психијатриската клиника, каде што се остварени околу 4.000 телефонски разговори, мисли дека владата треба да продолжи да обезбедува бесплатни терапевтски услуги, кои можат да бидат преку Интернет или со физичко присуство, групна терапија, сè додека не се заврши кризата.
-Според досегашната состојба, мислам дека релевантните институции треба да посветат поголемо внимание на менталното здравје и треба да има постручна обука за персоналот, за да се помогне што е можно посоодветно во кризни случаи, бидејќи луѓето сега се послободни и поотворени и подготвени да побараат помош и да зборуваа за своите проблеми. Исто така, ги повикувам владата, деловните субјекти, донаторите да бидат што е можно поотворени, да помогнат преку обезбедување ресурси, креативни решенија, посветеност, за да сите заедно ја надминеме оваа криза што е можно полесно, да изградиме поздрав и побезбеден свет за младите и за сите други возрасни групи, да бидеме што поздрави физички и психички. Овие видови на пандемии можат да доведат до психолошки проблеми, како што се посттрауматско стресно нарушување (PTSD), анксиозност, депресија“, вели психологот Исмаили.
Во моментов, има значително зголемување на бројот на случаи со КОВИД 19 во Северна Македонија. Властите повикуваат на внимание. Ова укажува на тоа дека наставата ќе продолжи онлајн и дека многу планови на младите ќе чекаат. Она што се предлага е внимателно спроведување на мерките за пандемијата да остави поголеми последици.