Светска премиера на „Медена земја“

Здружението Диверзити Медиа е гордо на најновиот успех на еден од неговите основачи,  Самир Љума. Тој заедно со Феми Даут е директор на фотографија на документарниот филм „Медена земја“ којшто ќе ја има светската премиера на најголемиот американски филмски фестивал на независен филм Санденс,  основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Филмот во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска  ќе игра во селекцијата Светски филм за документарци а програмата на фестивалот ќе се одвива од 24 јануари до 3 февруари идната година.  

  „Стефанов и Котевска започнаа со проект за истражување на заштита на природата во Македонија, но наидоа       на   нешто поинтересно: Атиџе, последната жена-ловец на пчели во Европа и нејзините напори да ги спаси           пчелите   од домашните пчелари, кои го нападнале нејзиниот имот и го загрозиле нејзиното постоење. Кога   пчеларите ќе   го прекршат правилото на Медената земја (земи половина од медот, но остави ја другата   половина за пчелите),   Атиџе мора да ги спаси пчелите и да ја поврати природната рамнотежа“, е дел од   содржината која е објавена на   сајтот  на Санденс.

 Во филмот игра македонската актерка Јелена Јованова-Периќ, костимографи се Ирена Анастасовска и Милена Миленковиќ.   Звукот го снимаше Игор Поповски, директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, монтажер е Ѓорге Марковиќ, извршен   продуцент  е Стојан Вујичиќ. Премиерата на филмот беше на Филмскиот фестивал во Торонто, каде ја освои наградата од   публиката.