Статут на Диверзити Медиа

Член 1

Името на здружението е Диверзити Медиа на кирилица и латиница (Diversity Media) во понатамошниот текст Здружение, со седиште во Скопје на ул. „Никола Тримпаре“ 27а.

Член 2

Целите на Здружението се:

  • Унапредување на професионалните вештини на новинарите и медиумските професионалци во Македонија.
  • Поддршка на развојот на независните, слободни и демократски медиуми во Македонија.
  • Унапредување на соработката меѓу медиумските професионалци од Македонија и од светот.
  • Развивање на граѓанското општество во Македонија.
  • Промоција и развој на културни вредности на заедниците.
  • Поддршка на малцински и маргинализирани групи.
  • Поддршка на медиуми кои продуцираат програма за малцински и маргинализирани групи.
  • Развивање на критичко мислење кај граѓаните.
  • Подршка на демократската трансформација на општествово.
  • Развивање на демократската свест кај граѓаните.
  • Поддршка и развој на фотографската и филмската уметност.
  • Промоција и развој на новите медиуми.

Член 3

Наведените цели на Здружението ќе се остваруваат преку следните активности:

  • Организирање на обуки и семинари за медиумски професионалци
  • Радио, ТВ и филмска продукција за промоција и равој на културните вредности на заедниците,
  • Радио, ТВ и филмска продукција за заштита на правата на малцинските и маргинализираните групи
  • Радио, ТВ и филмска продукција за подигање на демократската свест кај граѓаните како и демократска трансформација на општеството
  • Организирање на културни настани за малцински и маргинализирани групи
  • Истражувања
  • Трибини
  • Публикации
  • Употреба на нови медиуми во промоција и исполнување на горенаведените цели

Член 4

Зачленувањето во Здружението е доброволно и се врши преку пополнување на формулар за зачленување.

Член 5

Собранието на Здружението има право да одлучува во врска со исклучување на член на Здружението. Исклучувањето може да се изврши само ако се утврди дека членот дејствувал против начелата на овој статут. Исклучувањето се врши со одлука на Собранието со 2/3 (двотретинско) мнозинство на гласови.

Член 6

Членовите на Здружението имаат право да учествуваат на разни настани и да го претставуваат Здружението во и надвор од државата.

Член 7

Членовите мораат да делуваат во согласност со статутот на Здружението како и во согласност со сите други одлуки кои ги усвојува Собранието.  За нивната работа во Здружението членовите одговараат на Собранието.

Член 8

Органи на Здружението се:  Собранието и Претседател на Здружението.

Член 7

Собранието го сочинуваат членовите на основачкото собрание како и сите други членови зачленети во Здружението преку формуларот за зачленување и кои се запишани во регистарот на членови на здужението.

Член 8

Собранието носи Правилник, Програма за работа и други акти поврзани со дејствувањето на Здружението. Собранието се состанува најмалку еднаш годишно и ги разгледува клучните документи од работата на Здружението, но исто така може да се состане и поради другите одредби од овој Статут.

Член 9

Собранието избира Претседател на Здружението кој со 2/3 мнозинство на гласовите. Неговиот мандат трае 4 години. Претседателот го застапува Здружението пред сите надлежни органи на државата како и надвор од неа. Истиот е потписник на договорите и други акти кои Здружението ги потпишува со трети лица. Претседателот на Здружението ги води седниците на Собранието.

Член 10

Здружението законски го застапува Претседателот на Здружението или лице овластено од страна на Претедателот. 

Член 11

Здружението средставта ќе ги стекнува преку:

  • членарина
  • донации
  • доброволни прилози
  • спонзорства
  • приходи од реализирани проекти и услуги
  • соодветни фондови за подршка на здруженија
  • други актвности.

Член 12

Финалниот финансиски извештај го подготвува Претседателот на Здружението. Одделни финансиски извештаи за работата на Здружението подготвуваат и членовите кои работат на одредени проекти на Здружението. Сите извештаи ги усвојува Собранието со 2/3 мнозинство. 

Член 13

Финансиско-материјалното работење на Здружението се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија. Заради рационализација на трошоците за организациско-стручна и административно-техничка дејност, Здружението може да ангажира стручни лица за вршење на определени работи.

Член 14

Здружението има своја жиро-сметка. Со жиро сметката раководи Претседателот на здружението или лице овластено од негова страна.

Член 15

Материјалните средства и другите вредности кои Здружението ќе ги добие како наменски, можат да се трошат само за таа намена и ќе се водат на посебна сметка во сметководството на Здружението.

Член 16

За вршење на стручни книговодствено-финансиски работи, Претседателот може да ангажира лице или установа за извршување на тие работи.

Член 17

Работата на Здружението е јавна и подлежи на критика и оценка на членовите, државните органи, други организации и пошироката јавност преку интерни медиумски средства како и средставата за јавно информирање.

Член 18

Работата на Здружението е непартиско и е независно од каква било политичка, социјална, религиозна, расна, сексуална или јазична дистинкција.

Член 19

Информирањето и известувањето за работата на Здружението ќе се врши интерно преку неговите органи и тела, како и преку електронски и интернет медиуми.

Член 20

Статутот на Здружението може да се измени и дополни само од страна на Собранието, со 2/3 мнозинство. Промените можат да бидат предложени од страна на најмалку 5 членови на Собранието или од страна на еден член на основачкото собрание.

Член 21

Собранието одлучува во врска со сите видови на статусни промени како и во врска со престанок на Здружението со 2/3 мнозинство. Промените или прекинот можат да бидат предложени од страна на најмалку 5 членови на Собранието или од страна на еден член на основачкото собрание.

Член 22

Плановите и програмите на Здужението ги донесува Собранието со 2/3 мнозинство. Плановите и програмите на Здружението можат да бидат предложени од страна на најмалку 5 членови на Собранието или од страна на еден член на основачкото собрание.

Член 23

Во случај на престанок на Здружението, имотот и средствата на Здружението стекнати преку неговите активности ќе бидат донирани на друго здружение за која ќе одлучи Собранието со просто мнозинство.

Член 24

Сите други обврзувачки одредби од Законот за здруженија и Фондации се обврзувачки и за Здружението.

Член 25

Овој Статут влегува во сила со неговото усвојување од Оснoвачкото Собрание.

                                                                                                                                                                                                                                                                                    _____________________________