Стружани се за една изборна единица и отворени листи

Стружани беа домаќини на првата јавна дискусија на Диверзити медиа, насловена како „Изборните системи во интерес на граѓаните или политичките партии“. Еден од учесниците во дискусијата, политикологот Башким Бакиу се заложи за системот во кој Македонија ќе биде една изборна единица, додека да се исклучи можноста да се избираат пратеници од дијаспората.

-Нашите истражувања покажаа дека еден пратеник од дијаспората за да се избере, чини колку триесет дома. Другиот елемент е нееднаквоста на гласот односно избор на пратеник од дијаспората за 150-300 гласови наспроти потребниот број на гласови во Македонија, рече Бакиу, според кого, најдобро е да се прифати моделот на една изборна единица.

– На Македонија и’ е најпотребна една изборна единица со отворени листи, со оглед на тоа што се покажа дека од 2002 година, од кога овој систем е во пракса, само една од две партии ја има контролата врз институции и многу лесно може да формира влада. Со една изборна единица таа моќ се губи, рече Бакиу на јавната дискусија.

Адриан Демири, правник од Струга, панелист во дискусијата направи пресек на сите избирачки модели со кои биле спроведени избори од независноста до сега.

-Сите избирачки сисметми имаат свои слабости и предности, но пред се’ најбитен е квалитетот на понудата. Избирачкиот систем влиаје и во динамиката на политичкиот систем и поради тоа отворените листи се едно решениие кое ќе продонесе за поголема демокартичност и во општеството, но што е најбитоно и во партиите, бидејќи пратеници нема да се избираат по терк на политишките лидери, рече правникот Адиран Демири

Ова беше првата од предвидените 12 јавни дискусии, што Диверзити медиа ги организира заедно со телевизијата Алсат М, во рамките на проектот Глокал дискусии_мк, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, имплементирана од МЦМС и данската организација НИРАС.   

На истата тема ќе се дискутира во Струмица. Идејата е да се направи пресек на размсилувањата на една иста тема во две различни средини.