Струмица дискутираше за изборните системи

Втората јавна дискусија на Диверзити Медиа, насловена како „Изборните системи во интерес на граѓаните или политичките партии“ се одржа во Струмица. Панелисти на ова дискусиjа беа Нано Ружин, uниверзитетски професор и Ване Трајков, локален новинар.

Професорот Ружин истакна дека без разлика кој изборен модел ќе се користи, политичката култура и спроведување на фер избори е најважно, имајќи го предвид се тоа што се случуваше и се дозна во послединот период.

Новинарот Трајков пак ги истакна ставовите на граѓаните на Струмица за изборните модели. Според него, една изборна единица, отворени листи и регулирање на начинот како би гласала дијаспортата се елементи за кои тие размислуваат.

И двајцата соговорници се согласија, а тоа го пренесуваа и граѓаните на Струмица, дека политичките партии треба да размилуваат добро за кадровската понуда на следните избори.

Ова беше втората од предвидените 12 јавни дискусии, што Диверзити Медиа ги организира заедно со телевизијата Алсат М, во рамките на проектот Глокал дискусии_мк, поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

На истата тема се дискутираше и на првата јавна дискусија во Струга. Идејата е да се направи пресек на размислувањата на една иста тема во две различни средини.