Иако млад, Ханис Багашов повеќе години е познат на филмската публика во Македонија. Режисер е и сценарист на кратките наградувани филмови „Мишко“ и „Лица“ . Глумеше во „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска. Како фотограф, Багашов имаше своја изложба во 2017 и учествуваше на 20 колективни меѓународни изложби.

Тој е национална гордост и заслужува секаква поддршка во сите наредни проекти. Ова е второ видео од серијалот „М-арт“- Платформа за промоција на млади уметници со финансиска поддршка на Министерството за култура на Македонија.
Можеби ќе ве интересира:
М-арт, Платформа за промоција на млади уметници е проект финансиран од Министерството за култура.
