Концептот за демократија во земјите во транзиција

За да почнеме како што треба, првин треба да се потсетиме за значењето на поимот „демократија„ збор кој потекнува од старогрчкиот јазик и е составен од поимите demos – народ и cratio- владеење.

Во векот во кој живееме, функционирањето на демократската држава е исклучително важно, како и тоа општеството да се води од слободната волја на народот.

Денес медиумите играат клучна улога во градењето на шините на една вистинска демократија. Во однос на носителите на јавната власт во една држава, медиумите го заземаат четвртото место. Тие ја имаат улогата на судија што ја вреднува или казнува работата на државните институции, секогаш е на страната на народот, штитејќи ги така нивните интереси. Но, земјите во транзиција, во кои припаѓа и Македонија, сеуште се соочуваат со многубројни проблеми кога се работи за објективното информирање од страна на медиумите. Во регион со едно крајно политизирано општество, како ова во кое живееме ние, сеуште е тешко да се има објективни и независни медиуми.

 

Главна причина за таквата состојба пред се се финансиските потешкотии со кои се соочуваат медиумите во вакви земји, медиуми - генерално финансиски недоволно силни и за кои пе неминовно прифаќањето на финансиски средства од институциите или од политичките партии.

Ако само површно се осврнеме на транзицијата на балканските земји ќе видиме дека има волја за промени, но и дека, сепак, долгогодишното наследство од едно-политичкиот систем не можеме да го избришеме толку лесно од главите на луѓето.

За предолгото траење на транзицијата Џејми Ши на конференција во Приштина изјави „вие имате еден прекрасен народ, но имате лоши лидери.“ Тука, сепак треба да имаме предвид дека оваа констатација и противречи на изјавата на Хегел кој вели дека „секој народ го има раководството што го заслужува.“

Поимот „добро информиран“ го опфаќа информирањето на граѓаните на точен и правилен начин, објективно и непристрасно, оставајќи им ја на нив можноста да ја донесат финалната пресуда за настанот.

Да се биде добро информиран значи будно да се следат сите важни настани и случувања околу нас. Еден медиум што успева добро да ги информира своите гледачи/читатели/слушатели, исто така создава и едно отворено општество што е подготвено да го анализира секое дејство од страна на државните институции или од самото општество.

 

Влијанието на медиумите во креирањето на општественото мислење за време на најголемите историски настани

Претпоставувам дека сé ќе биде појасно ако набројам неколку поекстремни примери.

Што се однесува на формирањето на јавното мислење за војната воопшто, влијанието на медиумите за време на некои од поголемите војни, што ги познава светската историја, било многу големо.

За време на Втората Светска Војна владата на САД го контролираше објавувањето на сите настани пред истите да се емитуваат во медиумите, процес кој беше познат како “Censorship” (цензура). Тие се обидуваа да понудат еден позитивен пристап кон оценувањето на настаните за време на војната. Сите фотографии снимени за време на војната беа детално анализирани од страна на владата на САД, односно од секторот за “Censorship”. Мислењето на јавноста се формираше целосно од малубројните достапни фотографии. Народот за време на В.С.В се чинеше како да е повеќе "за" војна.

По 1943-та година владата почна да крши некои од правилата на “Censorship”-от и дозволи да се објават неколку нецензурирани фотографии од војната. Една од фотографиите што остави голем впечаток објавена во 1943-та година беше фотографија на неколку американски војници загинати во туѓа земја.

Виетнамската војна беше позната и како „војна на дневните соби“. Ова беше првата војна чии настани го зафаќаа главниот дел од вестите на телевизија и војна која милиони амеиканци имаа можност да ја следат од своите домови. Во ова време народот можеше да види како се уништуваат села, како се палеа живи виетнамските деца, да ги види безживотни тела на војниците на пат кон дома и т.н. И додека го следеше сето ова, јавноста како и самата да беше во сдредиштето на настаните на оваа војна.

Во 1990-та година со напредокот на технологијата, јавноста беше во можност делови од војната во Персискиот Залив да ги проследи емитувани во живо. CNN им овозможи на американците да имаат 24 часовен пристап, директно од воените настани.

Војната во Ирак, пак, беше покриена од сите форми на информирање на јавноста почнувајќи од фотографијата, телевизијата, па се до интернетот. Настаните од оваа војна беа скоро во целост пренесени до јавноста. На јавноста очигледно не и се допадна тоа што го гледа и повеќето беа "против" оваа војна.

 

Како и секогаш, во своите почетоци војната изгледа многу површна. Со тек на време почнуваат да никнуваат слики што потресуваат, слики што кажуваат за вистински настани за време на војната.

Сето ова јасно покажува дека сé додека медиумите беа воздржани и имаа позитивен однос кон војната, тогаш и јавноста не ги критикуваше иницијаторите на војната. Кога почнаа да кружат фотографии со вистинити настани од војната, фотографии на убиства, деструкција, палења, насилство...јавноста зазеде став кој беше очигледно против војна воопшто.

Ограничениот пристап на јавноста до информации за настаните на овие историски војни помогна многу во формирањето на јавното мислење што генерално беше против војната. Медиумот што го подржува развојот на демократијата во една земја прави таа земја да стане што про-демократска и да ги осудува сите функционери и лидери што ги злоупотребуваат правата на граѓаните на својата земја.

 

Устав на Република Македонија

Во целиот свет слободата и правата на човекот се сметаат за свети и нивното непочитување се казнува според соодветните закони. Во овој случај, улогата на медиумите можеме да ја споредиме со еден коректор што се обидува да ги избрише и поправи грешките или недостатоците во однос на правата признати со устав и со закон, но кои заради една или друга причина се газат од институциите и од самото општество. Во Македонија соверенитетот извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Македонија, власта ја остваруваат преку своите претставници избрани на демократски начин

Некои од членовите на Уставот на Република Македонија што ги опфаќаат овие работи се:

Член 8

Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
- слободното изразување на националната припадност;
- владеење на правото;
- поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска;
- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
- правната заштита на сопственоста;
- слободата на пазарот и претприемништвото;
- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
- локалната самоуправа;
- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, и
- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право

Член 9

Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните се еднакви пред уставот и законите.

Слободата на изразување на луѓето и на медиумите исто така зафаќа еден важен дел на Уставот на Република Македонија. Непочитувањето на овие уставни права се казнува затоа што слободата и независноста на медиумите е една од основите на демократското функционирање на државата.

Член 16

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.

Се гарантира слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување на информации.

Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информација во средствата за јавно информирање.

Цензурата е забранета.

 

Независни медиуми – демократско општество

За да има медиуми што ќе работат во интерес на јавноста, а не за личните интереси на државните функционери најпрвин треба медиумите да си обезбедат финансиски извори што ќе им овозможат да се осамостојат од политичките системи. Потоа, новинарите треба да бидат подобро запознаени со нивните законски права за присттап до информациите од јавен карактер.

Правилната имплементација и почитување на законот што ги брани правата на новинарите би придонел за нивна поголема самостојност при давање на точни информации без страв од објавување на вистината која јавноста има право да ја знае.

Почитувањето на правата за јавно информирање е еден од основните и неотуѓиви членови од Уставот на нашата земја, меѓународно познат и почитуван од сите развиени демократски земји. Непочитувањето се казнува со закон.

Блог на Фатлуме Дервиши. Авторот со него учествува на конкурсот за најдобар блогер за вести на тема демократија и човекови права на Диверзити Медиа.

 

AddThis Social Bookmark Button