Добро информираните граѓани не водат кон демократијата, а демократијата кон очите на светот…

Во втората половина од XX век и почетокот на XXI век се направија големи и успешни чекори во развојот на информирањето и електронската комуникација. За тоа како било информирањето во минатото, а како е денес може да се напишат илјада зборови. Но, дали во тоа време сите граѓани имале право на информираност и дали важи истото и во денешно време, се разбира..!

Информирањето на народот, на јавноста се главните и основни цели на еден медиум, без разлика на која група на медиуми припаѓа, на печатените или на електронските медиуми.

 

 

Пред пет века информирањето на граѓаните и не било толку важно. И не само тоа, туку и не сите граѓани имале право на информираност, посебно не тие од работничката класа и припадниците на пониските класи на општеството.

Аристократите и беговите ги плаќале луѓето што знаеле да читаат и да пишуваат (во тоа време било тешко да се најдат луѓе кои знаеле да читаат и да пишуваат), нивните слуги биле принудени да пешачат со километри за да соберат информации од земјата, регионот и од светот и да ги информираат своите газди за последните случувања.

Но, оваа елитна револуција не траела долго време, затоа што кон крајот на XIV век во Германија се случи една експлозија на информациите и  на пишувањето,  Johan Gutenberg  ја откри првата печатница (1453) и со ова овозможи описменување, печатење на книги, весници, летоци и брошури и со тоа ги прошири границите на информираноста низ цела Европа. Овој век е познат и како векот на воскреснување на човештвото, посебно во Европа. Подоцна информирањето на граѓаните и комуникацијата наиде на еден изум познат како телеграф, а со тек на времето и на многу други  откритија, со што комуникацијата и електронското информирање за граѓаните како нивна цел стануваат се полесни и посигурни.

Секако слободата на медиумите и правичната информираност ја одредува демократијата на една земја. Но, граѓаните за еден настан се информираат на различни начини и од бројни медиуми, при што самите формираат свои мислења. Врз нив влијаат неколку фактори како што се: временската рамка, деталите од настанот и точноста или правилното информирање.

Граѓаните се повеќе имаат предрасуди за медиумите и нивната улога, "како лажна". Таа карактеристика најмногу се сретнува кај постарите генерации, кои речиси никогаш не се запознаени доволно со термините технологија и глобализам.

Последниве години граѓаните се целосно зависни од медиумите - Телевизијата, радиото, Интернетот и печатените медиуми, односно весниците, списанијата, книгите и др. Според тоа, во медиумите и новинарите како нивни интерпретатори, често се гледа како на главни ликови во информирањето. Темите што ги обработуваат се актуелни настани и гледачите или слушателите треба да се привлечат пред се преку информативна професионалност.

Секој медиум има своја целна група што ја информира. Тие треба да ги подготват вестите и пораките на наједноставен начин, разбирлив за сите класи на луѓе. Вестите треба да се аргументираат и да се селектираат според влијанието што се очекува да го предизвикаат кај граѓаните. Не случајно информативните програми на секој медиум треба да бидат внимателно одбрани и нивната информативна активност да не биде споредна. Самиот збор медиум значи средина или поврзувачки канал меѓу настаните и информираните, односно граѓаните. 

Медиумите не треба да фаворизираат една или друга политичка партија, една или друга единка, без разлика на нивната етничка, верска или полова припадност. Нивна цел треба да бидат информирани граѓани, а не фаворизирани граѓани.  

Блог на Адриан Керими. Авторот со него учествува на конкурсот за најдобар блогер за вести на тема демократија и човекови права на Диверзити Медиа.

AddThis Social Bookmark Button