Смртна казна - бруталност или задоволувачка казна?

Во денешнo време смртната казна е голема тема насекаде во светот, тема што е актуелна не само во политиката, во собранијата, туку и во приватни дискусии.

Според некои извори, во 2008 година со спроведување на смртна казна биле убиени 1.718 луѓе во Кина, 346 во Иран, 102 во Саудиска Арабиа, 37 во САД, 36 во Пакистан, 34 во Ирак, 19 во Виетнам, 17 во Авганистан, 15 во Северна Кореа и 66 во другите држави.

Според американскиот новинар Денис Прегер, а и според многу други, најголемата грешка на смртната казна е тоа што многу често е обвинета погрешна личност. Одредена личност можеби не е виновна за одреден настан, но сепак се случува да добие смртна казна.

Друга лоша страна на смртната казна е тоа што со неа се губи моралот кај луѓето. Имено, целта на законите е да го поттикнат доброто во луѓето и да обезбедат подобар живот за сите, а со смртната казна се извршува само уште една смрт, се губи уште еден живот.
Од друга страна постојат некои злочини што се непростиви, злочини како геноцид, тероризам, педофилија и други што неможат да бидат задоволени ниту со една друга казна, освен смртната.

Блог на Николија Стојменовиќ. Авторот со него учествува на конкурсот за најдобар блогер за вести на тема демократија и човекови права на Диверзити Медиа.

AddThis Social Bookmark Button