Демократија и човекови права

Достигнувањето на максимална благосостојба на човекот е израмување со достигнување на перфекцијата, метафизика за човечкиот разум. Неопходен начин на достигнување на оваа вредност е уживање во сознанието за сигурна иднина. Човек може да очекува сигурна иднина од финансиска гледна точка, велам да очекува, но не ни размислува да ја нема сигурноста во иднина од страна на правото. Тука се уважува вредноста на правните норми, вредноста на правната сигурност која ни нуди благосостојба за права по кој никој не смее да посегне.

 

Правната сигурност на секое човечко битие е неразделиво со неговата есенција. Човек како незаштитена индивидуа во системот станува жртва на социјалниот дарвинизам без разлика на приликите околу него. Тоа е природниот пат на нештата што е докажан низ историјата. Правото создадено да го заштити човекот, е создадено или изведено од него, креација што укажува за вредности кои се целосно заштитени по негова волја. Или по волја на повеќето.

Тука се пронаоѓа и дефиницијата за демократијата, волја на повеќето. Самиот поим ограничувајќи се од спротивното, нам не подучува дека како индивидуи треба да го прифатиме разбирањето на мнозинството. Но, тоа не е и неопходно, доказ е сфаќањето за човековите права, нивната природа и како тие се донесени до степенот на целосно прифаќање на сите.

Човековите права како апсолутно позитивна вредност, со себе ја носи својата невозможност за да се негира. Никој не се осудил да негира ваква вредност затоа што тоа е рамно на разумско самоубиство. Бидејќи се есенцијален дел од нашата природа, како што предходно спомнав, тие никогаш не не оставаат рамнодушни. Разбравме дека не може да ги негираме, па затоа сега мора да ги поддржиме. Копањето длабоко во нив, нивното усовршување, па дури и секое ново отркитие поврзано со нив, е добра вест за сите поединци. Таа вест преку моќниот инструмент на демократијата, легитимноста, треба да биде позитивно правна реалност што ќе не одведе чекор поблиску до посакуваната благосостојба.

Блог на Мартин Бошкоски. Авторот со него учествува на конкурсот за најдобар блогер за вести на тема демократија и човекови права на Диверзити Медиа.

AddThis Social Bookmark Button