Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/diversity/public_html/libraries/joomla/database/database/mysql.php on line 383

Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/diversity/public_html/libraries/joomla/database/database/mysql.php on line 383

Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/diversity/public_html/libraries/joomla/database/table.php on line 409

Политикa за улиците, причина за тензии

Менувањето на имињата на улиците во Скопје создава политички тензии. Но, дали треба сѐ да се гледа низ призмата на политиката? Некои набљудувачи велат дека сепак oвa прашање се поврзува со фактот дека Македонија е една мултиетничка држава, но оти политиката чија основа е моноетнизмот, за свои цели често си игра со етничките чувства.

Анализира Назим Рашиди

За една улица, поважно од името е таа да биде функционална и во добра состојба. Ова го посакуваат поголем дел од граѓаните. Но, нејзиното име сепак може да генерира проблеми, па дури и политичка природа.

Професорот од Институтот за социолошки, правни и политички истражувања од Скопје, Петар Атанасов вели дека прашањето за преименувањето на улиците иако би требало да има еден културолошки концепт, тоа добива политички димензии.

 

“Нормално е да има имиња не само од сите заедници, туку и имиња на личности кои го заслужиле своето место преку нивниот придонес за човештвото, во културата, спортот, во науката. Ако не постојат, тогаш нешто не е во ред со општеството. Но, кога тоа е еден политички проект, тогаш тензиите се неизбежни”, вели професорот Атанасов.

Реакции заради политички поени

По одлучувањето за преименување на улиците и на плоштадите во главниот град, најгласен против оваа иницијатива се покажа најголемата опозициска партија Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ). Некои од аргументите на оваа партија имаат историски карактер, но набљудувачи меѓу тие аргументи гледаат и политика.

Како партија на левата провиниенција таа би требало да биде полиберална, но истовремено, во реториката на оваа партија гледаме и еден националистички вокабулар. Така барем посочуваат политички аналитичари во земјата.

Башким Бакиу од Институтот за истражување на политиките и доброто владеење вели дека политичките партии во зависност од нивната улога и политичката ситуација во која се наоѓаат, според потребите, продолжуваат да играат со етничките чувства затоа што нивното избирачко тело е главно моноетничко.

“Се трудат да се покажат како патриоти во негативен националистички аспект, со цел да постигнат успех кај нивниот електорат кој не е мултиетнички, туку обично е моноетнички.”

Политички наместо граѓански одлуки

Во меѓувреме, ова прашање се поврзува со основните ставови за тоа како ние гледаме на Македонија? Често, во начинот на дејствување на политичките субјекти и како последица на ова и на институциите, Македонија се одразува како држава само на Македонците. Во некои случаи само на Албанците, често на овие вторите гледаме напори за рамноправност.

Но, Рубин Земон од Институтот Еуро Балкан, инаку претставник на заедницата на Египјани во Македонија, вели дека често се заборава дека државата е многу повеќе од македонска и од албанска.

“На пример, се знае дека постоел еден Египјанин Селим Ковач кој ги изработил топовските цевки за време на Илинденското востание или дека имало и борци во Втората Светска Војна кои ги дале своите животи за Македонија“ вели Земон.

На градскиот плоштад во Скопје сега има значително голем број нови градби. Сите настојуваат да пренесат одредени пораки, но пред сѐ тие го менуваат и имиџот за Македонија. Разликите во мислењата за овој нов лик се големи, како и во случајот со имињата на улиците, таму каде политиката е вмешана. Но, сите имаат нешто заедничко - тоа што граѓаните најчесто не се прашуваат за одлуките кои се носат во нивно име. Објаснувањето следи после ова и тоа создава судири кои можеби и може да се избегнат.

AddThis Social Bookmark Button