Реакцијата на Албанците за петкратното убиство

Петократното убиство кај скопското село Смиљковци кое во земјата и странство предизвика голем шок е тема на дискусија меѓу сите албански средини, приватни и општествени. Отворено се изразува жалење и болка како од обичните луѓе, така и од различни субјекти во земјата и во регионот. Тоа што се бара е професионализам од институциите без предрасуди. Но, овие реакции не се презентираа со нивната јачина кај македонската публика.

Анализа на Назим Рашиди

„Нормално, ова што се случи ги допре чуствата на сите. Не е добра работа. Но, јас не сум виновен, никој не е виновен. Виновниците треба да ги утврдат органите што се занимаваат со таа работа“, ова е еден Албанец од Радишани. Неговиот дуќан беше оштетен и имаше обид да се запали. Но, сепак тој го дели мислењето на повеќето Македонци за петкратното убиство иако ги осудува тие што му нанеле штета.

Неговиот случај не беше дел од извештаите на македонските медиуми. А, еве што вели неговиот сосед за него:

„Ние со човекот сме тука 20 години, како браќа живееме. Албанец е. Немаме никакви проблеми тука во Радишани“.  

Осудата кај Албанците иста како и кај Македонците

Овие изјави се дел од новинарски извештај на Алсат Телевизија. Еден од уредниците Исуф Кадриу вели дека од реакциите што ги прибирале може да се каже дека нема Албанец што не ги осудил убиствата.

„Обичните луѓе без исклучок најостро го осудуваат чинот, но, исто така без искулучок бараат да нема шпекулации со мотивите и етничката припадност со можните злобници бидејќи криминалот не познава етникум, вера. Злодело е злодело“, вели Кадриу.

Еден од најкритикуваните за употреба на говор на омраза кон Албанците, Драган Павловиќ Латас, веднаш по петкратното убиство кај Смиљковци напиша една статија, во која меѓу другото пишува „ Никој, ама баш никој, во ваква атмосфера не смее да тврди дека убијците се Албанци. Никој од нас тоа не го знае„

Статијата со смирувачки тонови на авторот кој често иницира тензии ја отсликуваше чувствителноста на ситуацијата, стравот од појава на едно насилство чии последици може да ги почувствуваат сите.

После овој напис сепак, извештаите на медиумите кој ги води Павловиќ но, и повеќето други медиуми на македонски јазик не ги вклучуваат сите страни.

Болка кај сите

Случајот предизвика болка кај сите без разлика на етничката припадност, но случајот уште еднаш покажа колку предрасуди има нашето општество и уште повеќе, колку „виновни„ ги прави оние кои што си поигруваат со овие предрасуди за свои цели и придобивки.

Политичките субјекти како во Македонија, така и највисоките државни инстанци на Косово и Албанија дадоа поддршка и изразија сочуство на семејствата на жртвите во овој страшен инцидент. Тоа сепак не беше доволно за да се избегне отворениот сомнеж кај дел од македонската популација дека "авторите" на убиството се Албанци. 

Како треба да реагираат Албанците во овој случај?

Аналитичарот Артан Садику вели дека реакцијата била соодветна.

„Секое поголемо сочувство и гнев ќе влезеше во рамката дека Албанците треба да се амнестираат од тоа што се случи. Мислам дека начинот како реагираа албанските медиуми, јавност и политичките партии беа доста умерени и соодветни за начинот како се третираа случувањата“.

Албанските медиуми „побалансирани„

Садику исто така вели дека албанските реакции не се пренесуваат со целата нивна моќ на другата страна. Токму поради тоа улогата на медиумите се гледа како клучна за настанот да не влијае на зголемување на тензиите и на недовербата.

Исуф Кадриу, уредник на вести од ТВ Алсат, кој работеше за време на тензичните моменти вели дека за јазикот на извештаите се води многу грижа и се посветува внимание на новинарските стандарди.

„Албанските медиуми секогаш биле балансирани при известувањето, за разлика од другите кои не биле, а во некои случаи некои од нив дури и предизвикувале тензии„, вели Кадриу.

Петкратното убиство е тема на речиси секој албански амбиент, приватен или социјален. Настанот поттикнува страв да не се создаде генерализирање поради што се бара да се откиријат убијците и мотивите на убиствата. Исто така, се бара професионалност и брза реакиција од институциите. Изјавите и написите се слични како тие што се појавуваат на македонските медиуми, иако со посебен фокус на албанската страна. Но, сите овие реакции не поминуваат целосно, со целата моќ, кон другата страна.

 

AddThis Social Bookmark Button