За нас

Диверзити Медиа

Диверзити Медиа (ДМ) е непрофитна организација формирана со цел да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, како и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија. 

Целта на ДМ е да се подигнат стандардите во целост со воведување висок професионализам во новинарството преку Интернет медиумите и радиото. 

ДМ ја застапува идејата дека граѓаните се суштината на политичкиот и општествениот живот. Поради тоа, организацијата ќе им помогне на граѓаните да бидат дел од важни дебати, особено на оние граѓани кои припаѓаат на немнозинските и маргинализирани групи. 
 
Со проектот „Добро информирани граѓани како основа на демократијата“ Диверзити Медиа директно го поддржува радиото како медиум. Тимот на ДМ преку Интернет страницата diversitymedia.mk  како и со употреба на новите медиуми ќе им овозможи на партнерските радио станици да имаат пристап до радиски информативни пакети и анализи кои ќе може да ги емитуваат во нивните прогами.
 
Обуки и тренинзи

Една од целите на ДМ е промоција на културната разновидност. Така, Диверзити Медиа  ќе организира обуки и конференции преку кои ќе го истакнува овој феномен. Организацијата ќе настојува да поттикне академски истражувања и ќе поддржи различни културни настани, како театарски претстави, изложби, концерти и филмски проекции кои промовираат различност, еднаквост, високи новинарски стандарди и демократски вредности. 

Кои сме ние?
 
ДМ е основана од професионалци кои тргнуваат од начелото дека непристрасноста и објективноста е основа за добар новинарски производ. Дел од тимот кој го спроведува проектот се новинари со повеќегодишна работа во британскиот сервис BBC, докажани професионалци во областа на новинарската обука и развојот на медиумите, како и активисти од македонскиот невладин сектор.

Основачи на Диверзити Медиа се:
 
- Душко Арсовски  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
- Назим Рашиди  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
- Весна Коловска This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
- Самир Љума This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
Проектот „Добро информирани граѓани како основа на демократијата“ е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, преку програмата за мали грантови за развој на демократијата и човековите права.

AddThis Social Bookmark Button