Албанската култура без македонско покривање

Во Македонија често се прикажува дека различните етнички групи живеат во паралелни реалности, паралелни светови. Тоа што ги поврзува овие реалности се препукувањата во политиката. И јавноста, посебно македонската, според воочувањата на албански уметници и набљудувачи на овие појави, често е лишена од социо-политичките случувања на другите етнички групи, посебно на Албанците. Според нив, медиумите, освен оние за политичките случувања, не прават никаков напор да пренесат информации за други сфери на животот.

Анализира Назим Рашиди

Театарската претстава “Пари” или како што е оригиналниот наслов Funny Money  на драматургот Реј Куни, во режија на Илир Бокши се смета како една од најуспешните претстави на албанскиот театар во Скопје. Гледачите со воодушевувачки овации ја поздравија комедијата, чија премиера беше пред неколку недели. Но, таа не наиде на некој посебен оддек кај македонските медиуми.

Анита Латифи, портпарол на театарот вели дека информациите за претставите се пренесени чисто телеграфски и никогаш нема рецензии за впечатокот, или пак, за темата која е обработена во претставата.

“Сé се сублимира во една информација дека во Албанскиот театар ќе има Премиера. Може да има и некоја кратка изјава од режисерот, и тоа е сé. Многу ретко се случува некој македонски медиум да напише вест за претстава. Тоа се случува многу ретко” вели Латифи.

Набљудувачи велат дека често се случува културните настани, како и социјалните настани да го добијат вниманието на општата јавност во Македонија. Но, не само на оние од страна на Албанците.

Недостиг на информации

Милингона.нет е Интернет-страница специјализирана за културни и забавни информации. Блета Бегу, маркетинг менаџер која ги следи информациите кои ги објавуваат на разни Интернет страници, вели дека многу ретко или скоро никогаш не може да се најде информации за активности кај Албанците и во новите медиуми.

“Новинарите кои пишуваат за културните настани на Македонците, добро би било да пишуваат и за културните настани на Албанците. Би ме интересирало каков концерт има и кај Албанците. Како на пример, оној на Аријан Керлиу, како и на многу други познати албански пејачи”, вели Бегу.

Повторното соединувањето на музичката група Телекс од Скопје не наиде на голем интерес кај македонските медиуми. И оваа информација е еден пример на необјавување на активностите на Албанците. Групата се смета за култен бенд од 80-те на минатиот век, кој влијаеше врз модерниот музички развој на Албанците во и надвор од границите на Македонија. Таков е и примерот со музичката група од Тетово Елита 5, која беше предгрупа на концертот на Скорпионс. Но, нив не ги знае скоро ниту еден Македонец. А, не знаат ни информации на пример, за концертот на Аријан Керлиу кој се одржа во петокот во Куршумли Ан во Скопје. Во македонските медиуми недостасуваат информации за разни изложби, промоции, дискусии кои остануваат само дел од вниманието на Албанците.

 

Пред извесно време како режисер во албанскиот театар се врати Сулејман Рушити, поранешен пратеник и поранешен министер во Владата на Република Македонија. Тој во театарот во Тетово ја режираше претстава “Со тупаница врз острицата на ножот” според текстот на Аугусто Боал.

Рушити вели дека му е посветено поголемо внимание како политичар отколку како режисер, за што вината ја гледа и кај самите Албанци.

“Формулацијата дека имаме поважна работа од културата, за жал, извира од самата албанска политика во Македонија. Ова прави и другите да не гледаат само како партиски битија”, вели Рушити кој го додава дека на ова влијае и убедувањето на македонските медиуми да не се оди подалеку од дневните политички случувања.

Зошто се случува ова?

Ако јавноста на пример, посвети повеќе внимание на медиумите, ќе види дека тие во своите програми и на своите Интернет страници имаат многу информации од културата, шоу бизнисот, како и социјални теми.

Политичката реторика ја гази реалноста

Неделникот Граѓански е едно од ретките списанија кое и посветува поголемо внимание на културата. Катерина Блажевска, уредник во Граѓански вели дека ситуацијата е таква каква што е заради тоа што реалноста е под силно влијание на политичката реторика, но и заради недостатокот на способноста на медиумите да бидат авангарда во општеството.

“И медиумите имаат потреба за еден период на созревање, за да сфатат на што треба да придадат важност, да ги третираат уметниците како свои, без разлика на кој јазик се пишува, како една авантгардна сила која го ослободува јазикот од политиката и омразата и говори со јазикот на уметноста и културата”, коментира Блажевска.

Албански уметници и набљудувачи велат дека јавноста, а посебно медиумите треба да посветат поголемо внимание, па дури и дополнително да се трудат да информираат за сите социолошки и културни активности, без разлика на кој јазик се тие, ниту кој ги реализир. Затоа што тие се дел од реалноста, но и од креативноста во овие простори. Но, исто така, тие изразуваат и критика или пак нудат визии за развој на општеството.

На пример, тоа што предизвикува дискусии надвор од музичките граници е новата песна на Туна - “Нејзин”. Всушност, дискусиите се насочени кон видеото на песната, во кој Туна додека ги пее стиховите “Хеј, бејбе, што си направи, зарем не гледаш, сега ова му припаѓа на друг”, во делот “ова” таа покажува кон својот интимен дел од телото.  

Или пак, тоа што со интерес се очекува во албанските културни кругови е новата претстава во албанскиот театар “Опера на питачите” по текст на Васлав Хавел, а во режија на Дино Мустафиќ, која се најавува дека ќе биде еден критички поглед на општествените и политичките реалности. Премиерата на претставата е најавена на репертоарот на овогодинашниот фестивал Охридско Лето. 

AddThis Social Bookmark Button