Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/diversity/public_html/libraries/joomla/database/database/mysql.php on line 383

Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/diversity/public_html/libraries/joomla/database/database/mysql.php on line 383

Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/diversity/public_html/libraries/joomla/database/table.php on line 409

Кажи ако смееш

Граѓаните во Македонија како да престанаа јавно да изнесуваат случаи на корупција и неправилности. Една од причините за тоа, како што сметаат долгогодишни антикорупционери, е стравот кај граѓаните да прозборат без загарантирана заштита, но и недоверба во институциите. Затоа пак, донесување закон за заштита на предупредувачите е во програмата на државната Комисија за спречување на корупцијата. Во меѓувреме истражувавме каде заминаа предупредувачите?

Анализа на Весна Коловска

Ортопедскиот хирург Тодор Ношпал доби отказ откако јавно проговори за случајот со пациентката, која починала чекајќи вештачки колк. Управата го казни бидејќи открил деловна тајна кога кажал дека Клиниката за ортопедија нема протези. Ношпал во изјавата за телевизијата „ Алфа“ вели дека прозборел за доброто на пациентите.

Јас работам во јавна здравствена установа. Зборот јавна кажува нешто. По Законот за правата на пациентите морав ова да го направам. И морав да излезам во јавноста за да ги кажам овие работи“.

Во демократските општества, улогата на овој доктор може да се именува како предупредувач, „свиркач„,човек кој крева тревога за нешто, укажува на неправилност, злоупотреба или корупција. И додека во останатите држави за вакви постапки следува заштита со закон, ортопедот заврши со отказ. Во Македонија, се чини, последните месеци, па и години, нема изнесени случаи на корупција и злоупотреба, за кои барем во јавноста, не се говори.

Основачот на Центарот за граѓански комуникации Герман Филков, гледа две причини за ова:

Мислам дека кај луѓето има отсуство на доверба во институциите, дека нешто ќе преземат откако тие ќе пријават сознанија за корупција. И второто, што е уште поголемо, е стравот од последици. Дека ако пријават, некој ќе им се одмазди и ќе имаат последици, било материјално, било физички“.

Обичните граѓани најгласни антикорупционери

Потврдениот соработник на правдата, според законот може да побара заштита од државната Комисија за спречување на корупцијата. Таква заштита, според неколкугодишниот член на оваа Комисија Мирјана Димовска, досега побарал само еден државен службеник, кој пријавил сомневање за корупција во министерството каде што работел. Со цел да ги заштитат пријавувачите, според Димовска, се инсистира на анонимност на граѓаните.

Така, граѓаните може да пријават случаи преку проектот на Транспаренси Интернешнл, на Фејсбук и на Твитер, преку СМС пораки или на Интернет страницата „Пријави корупција“. Проектот постои неполна година и граѓаните досега пријавиле 96 случаи на неправилности и корупција, од кои во најголем дел се однесуваат на работењето на даноци, инспекции, лиценци и на судството.

Генералниот секретар на Трансапренси, Методи Зајков вели дека граѓаните, во еден дел, сакаат во пријавите да останат анонимни.

Граѓаните кои се вработени во администрација сакаат да останат анонимни, бидејќи се плашат за своето работно место. Додека другите граѓани кои се во приватен сектор, повеќето од нив немаат проблем со тоа нивното име да биде објавено. Сите пријави имаат процес на верификација и голем процент од нив, меѓу 60 и 70 отсто се квалитетни и се објавени на веб-страница“.

Меѓу потврдените е пријавата на анонимен граѓанин кој укажува дека советник во Владата има уште четири други функции во надзорни и управни одбори во државни институции. Трансапренси на сајтот тоа го потврдува низ факти, преку проверка на составот на посечените управни тела.

Наспроти мислењето дека полицијата или ревизорите се тие што ја откриваат корупцијата, глобалното истражување на Здружението на сертифицирани истражувачи на корупцијата покажало дека тоа се граѓаните. Дури 40 проценти од случаите се пријавени од граѓани, додека полицијата има минимално учество од 1,3 отсто. Внатрешната ревизија открила 17% од случаите, а надворешните ревизори само 3,2 проценти.

Заштита за поткажувачите...можеби наскоро

Затоа, според антикорупционерот Зоран Јачев, за граѓаните да имаат поактивна улога, институциите треба да изразат поголема волја.

Институциите ќе мора да ги убедат граѓаните дека навистина ќе постапуваат по тие пријави, а од друга страна граѓаните ќе бидат сигурни дека нема да имаат некакви последици ако ја пријават корупцијата“.

Македонија е потписник на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата. Во Законот за борба против корупцијата се гарантира заштита на граѓаните кои ќе пријават вакви случаи. Постои и закон за заштита на сведоци.

Герман Филков укажува на неколку добри практики, како што е американското искуство, каде од 1988 година работи Националниот центар за пријавување корупција, а пријавувачите ги бранат адвокати.

Сите што пријавуваат корупција, центарот прво ги објавува со име и презиме, со слика и понатаму објавува детали за тој случај се’ до финалната разврска. Понатаму, ако треба, сериозни адвокати ги застапуваат овие луѓе на суд или ако треба да се оди на повисока меѓународна инстанца. Значи, сам, донкихотски, никој тоа не би го правел во Македонија од едноставна причина што никаде ќе ја нема сатисфакцијата потоа. Ќе ве избркаат од работа или ќе ве прогласат за некаков чудак“.

Димовска од Антикорпуциска, открива дека се размислува да се донесе посебен закон за заштита на поткажувачите, по пример на Србија или други европски земји или пак, да се предложат измени на постоечкиот закон за борба пртив корупцијата. Во сродните закони во светот е предвидена и исплата на награда за веродостојна пријава. Дологогодишните борци против корупцијата се скептици дека и овој закон би останал само „мртви букви на хартија“ доколку владејачката елита не покаже вистинска волја да се избори против корупцијата.


Сомневања и храброст

Најмногу ‟пиштел„ телефонот за Царина

Пријави корупција во затворите“, „Пријави корупција во царина“... Македонскиот Интернет простор е полн со повици за бесплатни телефони на кои може да се пријави корупција. Антикорупционерите како еден од поуспешните го посочуваат телефонот со број 197 каде се пријавуваат неправилности во Царината. Во извештајот на Царинската управа за 2011 година пишува дека на овој телефон се пријавени 31.658 случаи на злоупотреба и неправилности, но од тоа се процесуирани 105 како пријави за корупција. За 42 вработени е покрената дисциплинска постапка.

Сомневања или докази за корупција македонски граѓани може да пријавуваат во странство за компании кои котираат на странските берзи. На македонската јавност не и е познат таков случај, иако со години малите акционери на T-Home, (доминантниот акционер Дојче Телеком кој котира на берзата во САД) се обидуваат да докажат корупција во редовите на управата.

Таков случај има забележено нашиот северен сосед. Српски граѓанин до Американската комисија за хартии од вредност пријавил случај на измама. Пријавата, според Интернет страницата Пиштаљка.орг, може да се однесува на обид за поткуп на српските власти од страна на американска компанија која работи во Србија или од која било друга компанија која котира на американските берзи.


 

 

AddThis Social Bookmark Button