Во Македонија никој не го „шиша“ Бетмен

Последниот филм од трилогијата, "Бетмен" го привлече вниманието на јавноста поради убиствата што се случија за време на премиерата во Колорадо. Досега, во Македонија доминираа кратки вести во врска со овој трагичен настан, но не и за филмот. Изненадувачки, филмот ќе се прикажува во Скопје речиси паралелно со светската премиера. Овој пат медиумите можеби ќе обрнат повеќе внимание, поради убиствата за време на премиерата. Но, тие не придонесуваат публиката да обезбеди повеќе информации во насока на градење на тоа што може да се нарече светска културна свест.

Анализира Назим Рашиди 

"Бетмен" е дел од глобалниот медиумски свет поради инцидентот во Колорадо, САД, каде што воружен напаѓач уби 12 луѓе за време на премиерата на филмот. Пред овој инцидент, во светските медиуми веќе имаше целосни информации за овој филм, кој очигледно е дел од тие креации што "создаваат култура", а привлече внимание и поради начинот на кој што е реализиран.

Светските критики се полни со позитивни зборови за филмот, за визиите на познатата приказна во Готам, но и за портретизациите на познатите ликови според замислата на режисерот Кристофер Нолан, како и за актерите во главните улоги Кристијан Бејл, Мајкл Кејн, Гери Олдман и Ен Хатавеј.

Вакви детални информации што може да се најдат во сите светски медиуми не се присутни во медиумите во Македонија. Дали е ова е тренд што го диктираат медиумите, или, пак, едноставно медиумите ги следат интересите на луѓето?

Новиот филм на трилогијата на Бетмен - "The Dark Knight rises" наскоро ќе има своја премиера и во Скопје. Во билетарата на кино Милениум каде што филмот ќе биде прикажан, велат дека има голем интерес:

"Има интерес, прикажувањето на филмот од 20 часот е скоро потполно распродадено. Интересот е вобичаен, исто како и за другите филмови", велат од продажното место на кино Милениум.

Изолација

Премиерите на филмови во другите земји добиваат значање на вистински културен настан. Таков е случајот и со филмските премиери во регионот, иако без гламурот од светските центри каде редовно се присутни актерите или дел од екипата на филмот. Новинарот Зоран Бојаровски, кој ги следи случувањеата на филмската сцена, вели дека ваквиот однос е резултат на затворањето на општество, диктирана од специфични интереси и тоа не само за филмот, туку и во многу други области.

"Тоа е резултат на крајна изолација, со која се се сведува на тоа да не можеме да видиме на време, да споредиме и да вреднуваме нешто што е тренд и процес во светот, а и се да остане на некои локални рамки", вели Бојаровски.

"Бетмен" влегува во категоријата на комерцијални филмови што ќе го привлечат вниманието на луѓето. Но, отуството на доволно информации за овој филм или за други филмови што оставаат силен "печат" во светското културно наследство, укажува на недостаток на внимание посветено за културата генерално, во земјите во транзиција.

Политичарите пред уметниците

Џевдет Јашари е актер што често имал водечки улоги во филмови снимени во Македонија. Јашари вели дека иако филмовите добиле внимани, пред се поради тоа што се локални остварувања, тој како уметник се уште чувствува дека политичарите добиваат повеќе простор во медиумите од уметниците што е одраз на менталитетот на луѓето.

"Искрено, пратеник што објаснува како спиел добива повеќе внимание отколку актер кој игра, кој се потел, кој се жртвувал со крв и месо и дава се пред камерата. Многу мало е присуството во медиумите на актерите во споедба со пратениците или министрите" констатира Јашари.

Филмски проекции во Македонија најчесто се случуваат само во Скопје. Дури и сега за време на туристичката сезона, никој не прави напор филмовите да се прикажуваат и во туристичките градови. Така ќе биде  и со "Бетмен".

Скопје во моментов има само уште четири кина, од повеќе од десетина што функсионираа до пред неколку години. Според Манаки филм, за разлика од златните години (2002-2003) кога во кино во Скопје годишно оделе околу 2,8 милиони гледачи минатата година во кината во градот, филм гледале само 25.000 гледачи. Тоа претставува намалување за 112 пати, што практично значи дека во Македонија никој не го „шиша“ "Бетмен".

 

AddThis Social Bookmark Button