Македонија живее во негирање

Случајот со Слупчане одново поттикна дискусии околу тоа дали е можно помирување на двете заедници во Македонија. Се спомнуваат разни идеи - од поставување заеднички споменици, па, сè до прифаќање на поделените реалности. Но, дали и по 11 години од Охридскиот рамковен договор, кој беше резултат на конфликтот во 2001 година,  Македонија живее негирајќи ги новите реалности?

Анализа на Назим Рашиди

Слупчане – чинот на поставување на цвеќиња од страна на војската на Република Македонија пред споменикот на борците на ОНА го подели општеството во Македонија на оние кои што мислат дека тој чин беше чин на помирување и на тие кои што мислат дека тоа е поголемо разединување. Но, никој на овој настан не гледа како на еден аларм дека во Македонија се живее во негирање.

Тоа што се негира е Уставот, законите, структурата на целата држава, кои како резултат на компромисот кој го постави Охридскиот договор, сега се дел на правниот поредок на Македонија. Оттука, прашањето кое треба да се постави е зошто се уште нема подготвеност да се прифати новата Македонија, поттикната од случувањата од 2001 година? Македонија за која имаше жртви од двете страни, (па, што ако тие беа од две спотивставени страни), но, со желба за една подобра земја за живеење?

Култура на толеранција

Владимир Мисев од Институтот за демократија од Скопје вели дека политичка култура недостига за многу нешта и оти токму заради тоа, за некои процеси е потребно подолго време.

‟Политичката волја ги донесе законите. Законите требаше да донесат една нова култура на толеранција кон етничките заедници. Нам ни е тешко да се приспособиме и да живееме во овој нов систем. И покрај силните заложби на државата, тешко е да се оствари една таква толерантна култура. Мислам дека културата и симболиката треба да се остават надвор од политиката и тие да се остварат на автентичен и искрен начин. А, не под притисок на политичките партии, лидерите или пак елитите за да се употребат за придобивање на политички поени”, вели Мисев.

Актуелната власт е пред бројни предизвици. Некои од нив ѝ создаваат потешкотии, а опозицијата и критичарите велат дека таа треба да си поднесе оставка токму поради ваквите причини. Но, се уште нé  “воодушевува” фактот што вакви длабоки кризи се дел од владејачките структури на Македонија и кога се работи за етничките прашања такви имало и за време на претходните Влади со поинаков партиски состав.

Дали ова значи дека актуелната власт нема капацитети да понуди заеднички визии, засновани токму на животите на тие што загинаа поради идеалот за една подобра земја за живеење?

Петрит Сарачини, активист на граѓанското општество кој се залага за градење на заедничките вредности вели дека во ниеден момент не треба да се заборави дека меѓуетничките односи се столбот на постоењето на Македонија.

“Политичките елити постојано работат во насока на постепеното и долгорочно деградирање на државата во сите аспекти. Сè дури не го сменат својот пристап, посебно кон столбот кој ја оддржува оваа држава, ние ќе лутаме низ транзицијата. Низ тензичните меѓуетнички односи, низ еден политички контекст кој не нуди никакви решенија за социо-економските проблеми кои ги имаме. Ќе останеме едно мочуриште кое никогаш нема да исуши, но и нема да се претвори во една здрава средина за живеење и за делување”, вели Сарачини.

Соочување со реалноста

Политичките турбуленции се дел од “нормалното”, но тие предизвикуваат промени кои придонесуваат во остварување на решенијата, унапредување на општеството? Тоа што  досега се случило во слични ситуации предизвикани од турбуленции со етнички предзнак, било само тапкање во место.

Според аналитичарот Сефер Тахири, тое е последица на менталитетот на политичките структури.

“Ова е последица на неподготвеноста и недостигот на политичка, интелектуална, општествена и јавна војла за соочување со реалноста. Реалност дека Албанците го немаат веќе истиот статус кој го имаа пред 2001 година и кој е определен со Уставот и со Охридскиот договор. Македонската страна како да сака постојано да се навраќа на позициите кои албанската страна ги имаше пред 2001 година”, вели Тахири.

Соговорниците на Диверзити Медиа оценуваат дека преку заклучоците дека Слупчане е само координирање за избледување на најавите за бранот поскапувања или лентата на владините партнери за поддршка од гласачкото тело, преку расправите околу тоа колку помирувачки или пак разединувачки е овој настан, Слупчане треба да ги разбуди тие што живеат во негирање на реалностите во Македонија. Реалноста е дека денес и последните 11 години, сите живеат во Македонија создадена како резултат на изгубените животи кои доведоа до компромисот кој денес е реалност. 

AddThis Social Bookmark Button