Скендербег пее опера

Операта "Скендербег", во изведба на Тетарот на Опера и Балет од Тирана, ќе се интерпетира во Скопје, во понеделник. Таа се сметa за монументална и веќе го привлече вниманието на целата јавност, не само на Албанците. Дел од оваа опера се и уметници од Македонија. Но, колку се знае за албанските достигнувањата во оваа уметност и какво влијание имаат уметниците Aлбанци тука?

Анализира Назим Рашиди

Оваа музика е познатa за љубителите на филмот, а и пошироко, бидејќи е дел од веројатно една од најексплоатираните сцени од филмот Петтиот Елемент на режисерот Лук Бесон. Малкумина знаат дека оваа песна ја пее Инва Мула, светски познатата албанска сопрано пејачка. А, Инва Мула не е единствениот успешен претставник на Академијата на Уметности на Тирана од каде таа доаѓа. Двајца други оперски пејачи - Ермонела Јахо и Саимир Пиргу се присутни речиси на сите светски познати оперски сцени. Сите се производ на едно училиште, каде што завршила и Дешира Ахмети од Македонија, која толкува една од главните улоги во операта "Скендербег".

Професорката по пијано, Пасионаре Асланај вели дека треба да се прави разлика помеѓу специјализирана публика и поширока јавност, бидејќи музичарите се познаваат меѓусебе, иако тоа не значи дека тие имаат можност да се претстават пред различни публики:

"Тие (музичарите) ги знаат сите имиња на албанските светски успеси, дури има и соработки на фестивали и концерти. Но, македонската публика не е доволно запознаена" вели Асланај.

Aлбанските уметници од Македонија, како и многу други, сметаат дека просторот за развој на класична музика е многу мал. Од друга страна, успесите на школата на Тирана е причина албанските уметници да одат на студии на Академијата на Уметности во Тирана.

Тоа, пак, придонесува за размена на искуства од различните школи, а влијае и на културата на Македонија, вели Венера Лумани. Таа има искуство од Тирана, а сега студира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Лумани вели дека Тиранската школа има комбинација на стилови:

"Во Тирана професорите имаат искуство од различни школи, италијанската, француската, а имаат и влијание од руската пракса и образование. Тоа е многу добро", вели Венера Лумани.

Уметноста зближува луѓе

И Асланај и Лумани велат љубителите на уметноста во Maкедонија имаат мало познавање ya албанскaта музичка сцена. Тие велат дека зголемувањата на соработката ќе придонесе за подобро запознавање, но, и за повеќе можности за уметниците од овие простори.

Според нив, не само Албанските уметници од Македонија, туку и светски познатите уметници како пијанистот Симон Трпчески или баритонот Борис Трајанов треда да се престават пред албанската публика:

"Зошто да не? Луѓето секогаш очекуваат нови работи, а тоа ќе донесе взаемна корист ", вели Асланај.

"Тоа е нај убавото нешто што постои и што може да се направи. Ако почнеме да ја споделуваме уметноста и се движиме од едно до друго место, сè ќе биде подобро" , вели Венера Лумани.

Операта "Скендербег" не е атрактивно најавена. Тетарот на Опера и Балет од Тирана, гостувал во Скопје веќе неколку пати, а за прв пат ќе се претстават со дело на албански композитор, Пренк Јакова. Уметниците велат дека ова е добра можност да се запознаат повеќе и уметниците и делата.

AddThis Social Bookmark Button