Многу медиуми, малку слобода

10.24.2011 MKD MEDIA SITUATION PKG by DiversityMedia

Слободата на медиумите, но исто така и на самиот концепт на слободата на изразување се загрозени не само во Македонија, но, исто така, во речиси сите земји на регионот.
Ова  се истакнува во неколку извештаи на меѓународни организации, меѓу кои и последниот извештај за напредокот на Македонија од страна на Европската комисија.
Но, зошто се случува ова? 

Ако со далечинскиот управувач  почнувате да пребарувате канали, ќе забележите голем број на ТВ-канали на сите јазици од регионот. Некои од нив прикажуваат луксузен изглед, одлични шоуа, телевизиски емисии слични на тие на западните земји. Но, кога ќе ги прочитате извештаите за слободата на медиумите во овие земји, тие покажуваат мрачна слика и пред се, различна од онаа која што ја прикажуваат медиумите.

Неодамнешниот извештај за прогресот кон ЕУ на речиси сите земји од Западен Балкан е критичен во однос на слободата на медиумите. Но, зошто се случува ова?

Дуња Мијатовиќ, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите вели дека една од причините за тоа е дека земјите се уште се во транзиција но, и поради тоа што после конфликтите, политиката носи несигурност.

-Постои страв кај политичарите и политичките опции јасно и гласно да слушнат неколку работи. Но, без оглед на тоа колку е тешко и болно, нема друг начин, освен да се зборува и да се крене глас ако се мисли дека живееме во неслободни општеството, вели Мијатовиќ.

Но, кога станува збор за реакција, особено од луѓето, речиси ја нема, иако се смета дека се кршат основните човекови права на слободно изразување без страв од гонење и осуда. Диана Калаја, професор по новинарство во Тирана вели дека општествата во регионот се навлезени во почетна фаза на концептот на слободата на медиумите. Според нејзе, движењето напред ќе зависи од развојот на сите други сегменти во општеството.

-Развојот на слободата на медиумите, како и на самите медиуми ќе дојде паралелно со развојот на општеството. Ако немаме напредок и во други области на општествениот живот тоа ќе се одразува и на слободата на медиумите, посочува Калаја.

Денис Латин – Ние доаѓаме од примитивни племиња

Професорката на Високата Школа за новинарство во Скопје Снежана Трпевска вели дека анализи покажале дека публиката реагира на ситуацијата со медиумите, но според неа, медиумите сами не дозволуваат да дојде до израз гласот на народот.

-Медиумите се во центарот на се во демократијата и треба да овозможат активен пристап, каде луѓето може да дебатираат, како и да учествуваат. Таа функција ја нема, медиумите не ја остваруваат, вели Трпевска.

Денис Латин е познат хрватски новинар, чија емисија "Латиница"  беше позната по дебатирање на деликатни теми е тргната од програмите на Хрватската јавна телевизија. Тој вели дека одговорноста за ситуацијата со медиумите сепак е на властите.
Според него тие намерно ги охрабруваат тензиите за да може да ги искористат,  во повеќето случаи на нелегален начин. Тој сугерира дека битката на новинарите мора да се направи со враќање назад и да почне да се објасни подобро важноста на слободата на изразување.

-Ние доволно не сме работеле со јавноста. Постојано треба да се објасни важноста на слободата на медиумите, на демократијата. Треба да се покажуваат повеќе странски искуства. Тоа никогаш не е доволно. Бидејќи во крајна линија ние доаѓаме од примитивни племиња, вели Латин.

Слободата на говорот, како и на медиумите ќе се брани, како што велат соговорниците, кога оваа вредност на демократијата ќе се смета како срж на современите општества.

Во регионот, притисоците и предизвикувањето страв да нема израз на слободно лично мислење,  како што сугерираат различни извештаи за слободата на медиумите,  властите се уште не ги разбираат правилата на демократијата и по 20 години на демократија.

Во Универзалната повелба за човекови права, слободата на изразување е една од основните човекови права. Ова право е длабоко зацементирано во либералните демократии. Загрозувањето на ова право во суштина го загрозува самиот системот во кој живееме денес.

AddThis Social Bookmark Button