„За Албанците сонцето изгрeва на Запад„

Еуфоријата од 100-годишнината од независноста на Албанија создадет аква динамика која Албанците од регионот ги ставиво фокусот на интерес.Но, како тие гледаат на иднината – и  кои се пораките што ги дадоа албанските лидери од регионот на повеќе манифестации за ова годишнина?

Анализа на Назим Рашиди

Илјадници Албанци беа во салата "Борис Трајковски" во Скопје во значителна празнична атмосфера. Стогодишнината од Декларацијата за независност на Албанија ги поврза сите Албанците во целиот регион. За албанските историчари, причината за тоа е што повеќе од 100 години, Албанците од сите балкански територии биле вклучени во албанското национално движење коешто доведе до независност.Под тогашниот историски контексти, има историски личности од сите албански територии, чии потомци се уште се сведоци на нивните активности.

Тоа, ги прави сè повеќе и повеќе силни чувствителноста и културните врски помеѓу Албанците, иако тие се распостранети во повеќе балкански држави.

Но, кои се визиите на Албанците за иднината?

Албански лидери наведуваат, како што велат, историските неправди направени кон Албанците.Но, иднината ја гледаатвоевропските вредности и се гледаат како дел од Европа.

Вековна соработка со соседите

Иако нивната реторика е популистичка заради еуфоријата на симболичниот датум, таа сепак, покажува внимание за албански соседи и сограѓани. На манифестацијата која се одржа во Скопје, пред илјадници Албанци со патриотска иконографија такви пораки даде и премиерот на Албанија Сали Бериша, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

"Албанците се подготвени за долгорочна, вековна пријателска соработка со соседите. Слободните Албанци ќе биде главната сила на развојот за себе и за регионот ", рече премиерот Бериша.

Ахмети пак, рече:

"Минатото е горчливо за двете страни, (и за Албанците  и за Македонците) бидејќи имавме исти маки. Ние сакаме овде, во оваа земја да се воспостави, да се инсталира вистинска доверба.Ние сакаме меѓусебно почитување ".

Но, еуфоријата на прославата за 100-годишнината од независноста, донесе критики и идеи каде одговорноста и фокусот за напредокот и развојот на Албанците се става кај самите нив.

Сега фокусот кон себе

Мурат Јашари е потомок на семејството на Адем Јашари. Повеќе од 20 члена од неговото семејство беше убиено од страна на српските сили пред почетокот на конфликтот во Косово.

Тој денес одговорноста за иднината на Албанците ја гледа кај нив самите:

"Денес дојде време да не ги обвинуваат другите. Досега ги обвинуваме големите сили, непријателите кои поминаа низ нашата земја, кои имаа претензии да ја освојат нашата земја. Денес ги немаме. Денес мора да се свртиме кон себе.Да се мобилизираме за да го обединиме умот и овој 100-годишен јубилеј да служи за нови идеи, за иднината на нашиот народ ", вели Јашари.

Според него, но исто така и според многу експерти, аналитичари и јавни личности, фокусот и стратегија за напредокот е во образованието.

 "Политичарите се да извршуваат планови,  а не да ги прават. Планови треба да прават академици, паметни луѓе од различни области ", вели Мурат Јашари.

Интелектуалната сила од пред 100 години сакаше да ги види Албанците како дел од Европа. Овој дух најдобро го артикулира изразот од тоа време дека "за Албанците сонцето изгрева на Запад".Овој израз, денес, е едeн од најцитираните. 

AddThis Social Bookmark Button