Интеграција на повидок

Меѓуетничките инциденти меѓу ученици од средни училишта, само што ќе прекинеа, по кратко време пак, ќе продолжеа. Но, постои можност да се спречат такви инциденти, кои понекогаш за жал, знаат да завршат со трагичен крај. Кој е начинот?

Анализа на Амир Кадриу од Радио Вати Скопје

Во една од училниците во средното економско училиште „Арсени Јовков" во Скопје, ученици од различни националности секоја недела се собираат за да ја покажат својата креативност. Снимаат картки филмови на претходно одредени прашања, се дружат заедно и дискутираат за определени теми. Ова е дел одпроектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со Центарот за изведувачки уметности Мултимедија, како и со Македонскиот институт за медиуми.

Небојша Мојсовски, координатор на проектот на УСАИД вели дека во рок од четири години проектот ќе ги вклучи сите средни училишта во Македонија, запреку зголемување на меѓусебните контакти и преку различни активности и темида се оствари меѓуетничка интеграција во образованието.

“Проектот на УСАИД се очекува да заврши во 2015 година и има за цел да ја подигне свеста кај учениците, населението, институциите за меѓуетничката толеранција во образованието. Методот на работа е двонасочен, што значи дека со институциите се работи директно за да се постигне поголемо влијание. И тоа, преку обука на наставниците за меѓуетничката интеграција во образование. Во исто време се работи и со учениците за што подобра практична имплементација на овој концепт", објаснува Небојша Мојсовски.

Креативност

Виолета Симјановска е директорка на Центарот за изведувачки уметности Мултимедија. Таа вели дека методологијата на овој проект има за цел преку меѓусебната соработка на учениците да се постигне нешто и да му се даде простор на секој ученик да ја покаже својата креативност и да не се прават разлики врз основа на бојата на кожата, јазикот и на националноста.

„Веруваме во креативниот потенцијал на младите. Креативноста не познава граници, нема бои и етничката припадност, но ние веруваме дека овој потенцијал навистина може да  направи разлика во позитивна насока.И покрај информациите што се пренесуваат од медиумите за негативната конотација на мултикултурниот концепт на државата, како оние за знамето и други, кои се добар пример дека во воншколски активности, на креативен начин, може да се постигнат многу повеќе позитивни ефекти отколку негативни, посочува Симјановска.

Средношколците Имартон Османи и Бринита Шакир велат дека се исклучително задоволни што се дел од овој проект и сведочат дека преку заедничката дружба и преку проектите, снимањата и дискусиите, ги снемало стереотипите што постоеле кај нив.

„Ова е нешто што ме прави да се чувствувам убаво. Јас и порано сум се дружел со Македонци, со тие од маалото, но не сум ги познавал многу.Понекогаш сум кажал некоја критика, лош збор за нив, но поради тоа што не сум ги познавал доволно. Сега во училиште поминуваме повеќе време заедно и мислам дека подобро се запознавме. Мислам дека веќе не зборуваме лошо еден за друг и знаеме кој каков е, вели едниот средношколец.

„Мислам дека ова е еден успех за нас, бидејќи ние ќе продолжиме и понатаму да се дружиме заедно. Со некои ученици навистина не сме се познавале добро, но сега се знаеме и се дружиме многу. Сме имале стереотипи, но со тек на времето се запознавме подобро едни со други и сфативме дека тоа не е така“.

Пример

Директорката на ова училиште,Јованка Аспровска вели дека е многу горда на своите ученици, бидејќи тоа исто така е едно од најголемите училишта во Македонија со повеќе од 2,500 ученици. Во него учениците следат настава на македонски и на албански јазик и според нејзе, досега немало меѓуетнички инциденти во училиштето.

„Слободно можам да кажам дека сум горда што сум директорка на ова училиште кое е уникатно и може да послужи како пример за сите останати училишта во Македонија. Децата, учениците се тука, колективот е тука, слободно може да се распрашате и ќе видите и мислам дека ќе ви одговорат искрено дека не се прави разлика кој на која етничка заедница припаѓа.Сите го наоѓаат своето место во училиштето. Овие проекти всушност се реализираат со ученици од разни етнички групи, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци и други, и немаме проблеми од таква природа“, вели Аспровска.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованиетое пилот-проект којшто во иднина се очекува да се имплементира во сите средни училишта во Македонија.Целта е да ги подобрат меѓуетничките односи меѓу учениците во земјава.

AddThis Social Bookmark Button