„Мравка“ за златната работа

За прв пат во Македонија ќе се доделат награди кои ќе ги вреднуваат достигнувањата на Албанците во повеќе области. Критериум за номинираните е нивното влијание во општеството. Но, колку се важни ваквите вреднувања и колку јавноста во Македонија е запознаена со вредностите на Албанците?

Анализа на Аида Џони, Радио Скопје

Постигнувањата за 2012 година „Златна мравка“ е иницијатива која има за цел да ги идентификува најголемите достигнувања во минатата година во важни области на општеството, кои придонесле за сензибилизирање на јавноста за одредени прашања.

Со оваа иницијатива, која има за цел да прерасне во традиција, ние сакаме да им дадеме соодветна поддршка на албанските уметници, поединци и таленти, рече Блета Бегу, предводник на оваа иницијатива.

„Оваа иницијатива почна поради фактот што досега не сме имале еден ваков вид организирања. На нашето општество му фалеше нешто кое би ги оценувало вредностите на Албанците во Македонија. Оваа иницијатива има за цел да ги оцени сите вредности на Албанците во осум категории, кои веќе се отворени. Опфатени се многу кандидати, направена е една многу голема студија за нивно оценување и прибирање на информациите претставени во оваа анкета во организацијата“, рече Бегу.

Вредности

Задоволува фактот што оваа иницијатива наидува на поддршка кај населението, вели Бегу, објаснувајќи при тоа и за начинот на кој граѓаните може да гласаат за личноста за која тие мислат дека постигнала повеќе во претходната година.

„Иницијативата наиде на поддршка уште од првиот ден. Анкетата веќе дава големи резултати. Собран е голем број на гласови. Можам да кажам дека се собрани околу 60% од планираните гласови. Анкетата е отворена веќе една недела, а ќе биде отворена и оваа недела, вкупно две недели. По ова следува пребројување на гласовите на публиката а другите 50%  од гласовите ќе ги даде стручното жири кое ќе ги оценува номинираните кандидати од професионален аспект“, вели Бегу.

Блерим Груби, виолист, смета дека поддршката за уметниците и за успешните луѓе е нешто што отсекогаш му фалело на нашето општество и една ваква иницијатива заслужува поддршка.

„Ова е еден наш синдром, на Албанците, како и на историскиот недостаток на вреднување на достигнувањата на албанските интелектуалци низ векови или години кои не се запишани. Така што, евидентирањето и зачувувањето на сите овие наши национални достигнувања, како вредности и карактеристики постигнати од одредени личности е  нешто добро за целото албанско општество“, рече Груби.

Непознавање на вредностите

Но, колку нашите сограѓани се запознаени со достигнувањата на Албанците во Македонија. Малку, ако ни толку.

Петре Димитров, новинар во неделното списание Капитал, вели дека нема многу информации за културните активности, а причина за оваа неинформираност се самите медиуми, кои треба да имаат поголема улога во правилното информирање на јавноста.

Но, во слободни разговори и други новинари го делат истото мислење.

„Кои се пејачите и кои се актери, можам да кажам, но што постигнале во претходната година до  не би знаел. А проблемот е во медиумите, кои треба да нудат повеќе информации“, рече Димитров.

Во постигнувањата во 2012 година „Златна мравка“ откако ќе се прогласат победниците, ќе се организира и еден настан со сите кандидати, каде што уште еднаш ќе се објаснат причините за нивното номинирање. Стручно жири ќе ги прогласи победниците, како и гласовите на публиката.


Категории

Сите ќе добијат по една статуетка како спомен од овој настан

Наградите за 2012 година опфаќаат 10 категории:

- Постигнување на годината во спортот

- Постигнување на годината во изведувачките уметности

- Постигнување на годината во музиката

- Постигнување на годината во научни и литературни публикации

- Постигнување на годината во визуелните уметности

- Талент на годината

- Влијание во афирмација на културата

- Постигнување на годината во медиумите

Жирито ќе додели уште две специјални награди:

-Постигнување во кариерата

-Постигнување Промотор на албанските вредности


 

AddThis Social Bookmark Button