Легитимност со релативност

Со бојкотот на локалните избори од страна на најголемата опозициска партија, легитиметот на изборите е под знак прашалник. Иако мали се шансите општините да останат без градоначалници, сепак, без учеството на опозицијата за победниците се отвораат морални дилеми.

Анализа на Назим Рашиди

Мартовските локални избори, гледани од легален аспект и без учество на опозицијата, сепак, ќе може да „извадатˮ локални челници. Суби Јакупи, потпретседател на Државната Изборна Комисија (ДИК), вели дека од легален аспект, изборите ќе бидат коректни. Тој објаснува под кои услови постои можност изборите да не се бидат успешни:

„На изборите најмалку треба да излезат една третина од гласачите на една општина. Изборите се легитимни ако има излезност од една третина од гласачитеˮ.

Диверзити Медиа: Но, дали може изборите да се неуспешни ако на гласање не излезат повеќе од една третина на гласачите?

„Ако има два кандидати или повеќе од два кандидати и ако на избори не излезат повеќе од една третина од гласачкото тело, се оди на втор изборен круг со двајцата кандидати што имаат најголем број на освоени гласови. А, ако биле само двајца кандидати, тогаш и двајцата одат на вториот круг. На вториот круг се избира тој што има повеќе освоени гласови и нема ценсуз„ вели Јакупи.

Диверзити Медиа: Во кој случај изборите може да не се успешни?

„Такви шанси има само ако во една општина има само еден кандидат и на изборите не излезат повеќе од една третина од избирачкото тело„, објаснува Суби Јакупи потпретседател на ДИК.

Но, ако неприсуството на изборниот процес на опозицијата легално може да помине, се отвораат дилеми за легитимитетот на самиот политички процес.

Новинарката Слободанка Јовановска вели дека процентот на излезени гласачи на овие избори ќе покаже чија политика ќе биде поддржана од граѓаните.

„Овде не се работи за техничко отсуство на опозицијата, се работи за длабока политичка криза. Не е проблемот во тоа што опозицијата нема да учествува на овие избори со полн капацитет. Се очекува нивните поддржувачи, како и тие што бараат промени да ги бојкотираат изборите. Затоа јас мислам дека самиот процент на излезеност на изборите ќе даде одговори„, вели Јовановска.

Предизвик

Во албанскиот блок ситуацијата е појасна. Сите политички субјекти и од власта и од опозицијата ќе бидат во трка. Но, сепак, аналитичарот Алберт Хани смета дека и овој процес има свои предизвици.

„Мислам дека предизвиците ќе бидат слични како и на минатите изборни процеси. Притисоците, тензиите, нерегуларностите ќе бидат со ист интензитет. Но, јас би сакал да ја издвојам ситуацијата во Кичево, каде политичките партии се анксиозни, поради можноста за прв пат Албанец да дојде на чело на оваа општина. За разлика од другите општини, таму можни се и меѓуетнинчки тензии„, вели Хани.

Вклучувањато на албанските опозициски партии во изборниот процес сугерира на тоа дека тие на претстојните локални избори ќе им дадат легитимитет бидејќи гледано во поширок контекст, тие се дел од целиот политички спектрум во државата. Со тоа, поголем е бројот на опозициски партии кои што ќе бидат дел од изборната трка.

Од друга страна, пак, други аналитичари велат дека изборната трка на локално ниво е фокусирана во внатре - етничка конкуренција.

Но, сепак, според аналитичарите, изборниот процес без главната опозиција, кој иако може да биде легален, сепак покажува дека земјата треба да влезе на циклус на внатрешни дијалози бидејќи без решение на оваа ситуација, под голем знак прашалник  се доведуваат демократските и интегративните процеси на земјата.

AddThis Social Bookmark Button