(Не)соодветно време за името

(Ne)soodvetno vreme za imeto by Diversity Media on Mixcloud

Повторното излегување на површина на можностите за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, отвори дебати дали воопшто е можно такво нешто.  Едно време се чинеше дека ова прашање беше оставено на страна. Но, од пред неколку дена тоа повторно е во фокусот, како на странските претставници, така и на тие дома.

Анализа на Назим Рашиди

Ставен во фокус од страна на еден напис на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Повторена и од високи европски претставници во Скопје, како на пример, од страна на Кетрин Ештон, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, која предложи дека време е спорот за името да се реши што побрзо. Но, претставниците на владејачката коалиција во Македонија, ДУИ и ВМРО - ДПМНЕ имаат различни ставови околу тоа колку брзо треба да се реши спорот за името.

Али Ахмети вели дека не се работи за притисок, туку за потреба.

„Зачленувањето на Македонија во НАТО продуцира стабилност. Зачленувањето на Македонија во HАТО го отвара патот и за зачленување во ЕУ“, рече лидерот на ДУИ Ахмети.

ВМРО - ДПМНЕ преку соопштение за медиумите, при тоа одговорајќи му на Али Ахмети, но, индиректно и на странските претставници кои повикаа за побрзо решавање на спорот за името, посочи дека приоритет остануваат прашањата за идентитетот, за кои, како што пишува во соопштението, се непроценливи.

Овој став, иако во помека форма, го искажа и премиерот Никола Груевски:

„За да се најде решение за името, тоа треба да биде едно решение прифатливо за сите, прифатливо и за Македонија, граѓаните на Македонија и за македонскиот народ“, рече Премиерот.

Мешани сигнали

Што значи ова ненадејно фокусирање во едно прашање кое веќе извесно време беше надвор од фокусот?

Аналитичатор Алберт Муслиу вели дека овие сигнали може да се прочитаат како позитивни.

„Реакцијата на креаторите на мислење или пак на медиумите блиски со македонската партија на власт прават да мислам дека решавањето на спорот со името е една реална опција. Иако, не би се изненадил ако се случи спротивното затоа што кај нас работите се менуваат преку ноќ. Но, верувам дека решавањето на спорот за името е на вистински пат“, вели Муслиу.

Но, со ова мислење не се согласува Катерина Блажевска, новинарка и уредбик од порталот Јавност.мк.

„На внатрешен план не е постигнат ниеден консензус или атмосфера за некаков референдум за кој инсистира премиерот Никола Груевски, како и фактот што некои прашања, како што е идентитетот, ВМРО ги става на пиедестал, а на другите им дава помала важност“, вели Блажевска.

Грчки извори за Диверзити Медиа велат дека и за Грција сега не е соодветното време за решавање на спорот, особено кога бројот на националистите е во постојан пораст и каде секое решение би можело да се протолкува како попуштање кон Македонија, што може да предизвика силни реакции. Меѓутоа, како што се зборува и во Грција, може да има и изненадувачки случувања.

Независно од нивните ставови, соговорниците на Диверзити Медиа велат дека е подобро ова прашање да се реши што поскоро, за да не послужи како аргумент за политиката на реформите, но и за да ги деблокират интегративните процеси на Македонија еднаш засекогаш.

AddThis Social Bookmark Button