Слободата на медиумите „флоскула“ за политиката

Sloboda na mediumite "floskula" za politikata by Diversity Media on Mixcloud

Во последниот извештај на Стејт Департментот еден од апострофираните проблеми за Македонија е во полето на слободата на изразување и на медиумите. Земјата во последните години продолжува да паѓа на ова поле, но зошто тоа не предизвикува посериозна реакција од страна на општеството?

Анализа на Назим Рашиди

Извештајот на Стејт Департментот на САД беше последен од извештаите кои што укажуваат на сериозната загриженост за слободата на изразувањето во Македонија. Но, без разлика на тоа што реакциите доаѓаат од релевантни меѓународни институции, ракциите во земјата остануваат во рамките на професионалната, академска или медиумската јавност.

Дали ова значи дека нашето општество не ги има просвоено како што треба вредностите на демократијата, каде слободата на говор е нејзин темел?

Артан Садику е филозоф, и тој вели дека проблемот е на друго место:

„Имајќи предвид дека сме сиромашна држава и дека мнозинството граѓани се зависни од работното место, а работното место им зависи од политиката, верувам дека поради тоа приоритетите се наопаку поставени. Заради тоа луѓето го вреднуваат молкот и придобивките наместо кревање глас, бидејќи директно им се заканува економската егзистенција„, вели Садику.

Францускиот филозоф Волтер во 1700 година ја кажа познатат негова изрека „Не се согласувам со вашиот став, но, ќе го бранам до смрт вашето право да го кажете„ зад кое стои европската вредност на слободата на мисла и на говор.

Но, неколку века потоа во Македонија се чини дека оваа вредност сè уште не е присвоена. 

Билјана Петковска од Македонскиот Институт за Медиуми вели дека дел од причината е новата демократија од 20 години, но и кај политичката класа.

„Во Македонија јавната сфера ја раководат луѓе, пред сè преставниците на политичките партии, за кои што очигледно овие аспекти на слобода на говор, на слобода на изразување како едни демократски принципи и темели на развиени општества, за нив не се постулати кои тие ги афирмираат. Напротив, во последните години сме сведоци на деградирање на тие стандарди. Иако тие номинативно се спомнуваат, меѓутоа повеќе во форма на флоскула„, вели Петковска.

Кислородот на демократијата

Во време кога Македонија се обидува да биде дел европското и од евроатланското семејство, во сржта на кој обид, слободата на говор е бескомпромисна врендост, се поставува прашањето колку се загрижувачки заклучоците од извештајот на Стејт Департментот, каде што меѓу другото стои дека „само гласот на мал број медиумски изданија беа активни во искажувањето на различни ставови...„?

Сефер Тахири, универзитетски професор вели дека ситуацијата треба да разбуди загриженост.

„Немањето слободни, независни и критички медиуми зборува дека Македонија се соочува се медиумска диктатура, со едно политичко едноумие кое се рефлектира во сите сфери на општеството, а посебно кај медиумите„, вели Тахири.

На неколку форуми од последниот период, медиумските работници отворено ја кажуваат констатацијата дека не е направено колку што треба за да се објасни зошто е важна слободата на говор за целото општество. Но, исто така, според соговорниците на Диверзити Медиа, за оваа демократска вредност треба да се грижат сите, посебно тие со власт во највисоката хиерархија. Бидејќи иако на прв поглед немањето слобода на говор ги засега само медиумите, во суштина тоа е кислородот на едно слободно општество, дел од кое се сите. Без исклучок.

AddThis Social Bookmark Button