Прва дебата_мк

На тема „Зошто македонското општество слободата на изразување не ја гледа како демократска вредност?ˮ Диверзити Медиа вчера во Клубот на новинари во Скопје ја одржа првата дебата во рамки на проектот „Дебати_мкˮ.

На темата вчера дебатираа Оливера Трајковска, автор на емисијата „Вин винˮ Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на дневниот весник  „Нова Македонијаˮ и Фатмир Бесими, вицепремиер за европски прашања во Владата на Република Македонија.

Тоа беше прва од вкупно 10 јавни дебати, кои што Диверзити Медиа ќе ги организира во периодот од април до септември 2013 година. Проектот е делумно поддржан од програмата CIVICA Mobilitas на Центрарот за институционален развој, ЦИРа. 

Дебатите ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.

Клубот на новинари. Пред почетокот на дебатата.

Весна Коловска, Диверзити Медиа и Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на Нова Македонија.

Назим Рашиди, Диверзити Медиа и вице-премиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Загревање пред дебатата. Оливера Трајковска, автор на ТВ емисијата Вин вин и Зоран Димитровски.

И...дебатата почна. Панелистите и тимот на Диверзити Медиа.

Голем интерес од присутните. Имаше коментари, прашања, ставови.

Дебата се вжешти. 

AddThis Social Bookmark Button