Кумановстан

  
 
"Кумановстан – град помеѓу Ирак и Авганистан" или какви промени носат дотациите од Ирак и Авганистан? Ова беше темата на втората од серијата дебати што Диверзити Медиа ги организира низ неколку града во Македонија.
 
Дебатираа Христијан Ристески, сениор истражувач во Центарот за економски анализи од Скопје, Љубиша Петрушевски, декан на Евроколеџ Куманово и Зоран Дамјановски, градоначалникот на општина Куманово.
 
„Според некои пресметки печалбарите од Куманово кои речиси една деценија работат во Ирак и во Авганистан дома испратиле безмалку едма милијарда евра, кои сега ги инвестираат во недвижности, што е погрешно“ оцени градоначалникот на Куманово.
 
Аналитичарот Ристески направи споредба меѓу Кумановци и Тетовци кои речиси подеднакво се бројни во компаниите кои работат во воените бази во Ирак и во Авганистан. „ Тетовци тројно повеќе ги вложуваат заработените пари во бизнис во својот град, за разлика од Кумановци кои тешко се одлучуваат на таков потег. Главната причина е во печалбарската традиција која во полошкиот регион е присутна со децении. Во Куманово ова е нов тренд.“ смета Ристески.
 
Псиологијата е многу важен елемент од приказната, истакна деканот на Евроколеџ, Љубиша Петрушевски. Посочи дека локалната самоуправа треба да направи се’  овие луѓе да станат заслужни граѓани, да им овозможи услови да станат почитувани и ако вложат во општината тоа да добие јавно признание. Таков е карактерот на овие луѓе, оценува Петрушевски.
 
Според неофицијални податоци во послените 10 години околу 5000 Кумановци, биле, се вратиле или се’ уште се во кризните држави. Најавата за повлекување на американската војска од Авгансистан, ја затвора можноста за работа на нашинците. На дебатата беше заклучено дека ако не се искористи нивниот капитал, голема е веројатноста парите да завршат на друго место, а општината на загуби многу. Градоначалникот најави нова индустриска зона со поволни услови како шанса повратниците да почнат бизнис.

  

AddThis Social Bookmark Button