Партиска општина или општина на граѓаните?

  

Како се владее во општините во земјава? Како се сфаќа локалната власт? Како се станува дел од јавната администрација? На овие и на уште многу прашања поврзани за владеењето на локално ниво во Република Македонија, Диверзити Медиа ќе се обиде да одговори на четвртата по ред јавна дебата.

Овој пат таа ќе биде на тема „Партиска општина или општина на граѓаните?ˮ. Дебатата ќе се одржи утре, четврток, 13 јуни 2013 година, од 12 до 14 часот во салата на Советот на општина Чаир во Скопје.

На оваа жешка тема поканети да дебатираат се политиколозите Алберт Муслиу и Јове Кекеновски, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, членови на Советот на оваа локална самоуправа и Ивон Величковски, претседател на Либералната партија.

Диверзити медиа со овој настан ќе се обиде да ја поттикне и интелектуалната, академската и експертската јавност активно да се вклучи во развојот на јавниот дијалог. А, посебно обрнуваме внимание на активното учество на граѓаните во дебати на вакви актуелни теми.

Во рамки на проектот „Дебати_мкˮ Диверзити Медиа ќе организира 10 јавни дебати во периодот од април до септември 2013 година. Проектот е делумно поддржан од програмата CIVICA Mobilitas на Центарот за институционален развој, ЦИРа. Дебатите се поддржани и промовирани и од страна на Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, дел од меѓународната ИДЕА мрежа која повеќе од десет години промовира дебата и критичко размислување помеѓу младитe.

Тие ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.

Сите јавни дебати, како и аналитички обработените анализи од темите на дебатите од страна на тимот на Диверзити Медиа во следниот период ќе бидат достапни на www.diversitymedia.mk и на http://idebate.org/

За повеќе информации, Ве молиме контактирајте нè на:

Весна Коловска, 078 240 396

Назим Рашиди, 078 240 394

„Проектот Дебати_мк е овоможен со грант од програмата Civica Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDCˮ .

  

 

AddThis Social Bookmark Button