Дебата_мк - Зошто спортот во Македонија разединува наместо да обединува?

  

Како се случи спортот да стане разединувачки фактор, наместо обединувачки, се дебатираше на петтата јавна дебата на Здружението Диверзити Медиа во Тетово. Два тетовски фудбалски клуба – „Тетекс“ и „Шкендија“, еден „македонски“ и еден „албански“ тим,  не успееја да го завршат финалето на Купот на Македонија во фудбал. Еден од панелистите на дебатата, фудбалскиот ас Артим Шакири, кој финалето го следеше од тренерската клупа на „Шкендија“, смета дека фудбалот во Македонија треба да се забрани на период од пет години, додека не се смират навивачите.

Поранешната капитенка на ракометната репрезентација, Гордана Нацева, смета дека е тоа преголема казна за Македонија, кога е позната како фудбалска нација. Нацева рече дека финалето на Купот во фудбал, кое се сметаше за натпревар од висок ризик требаше поинаку да се изменаџира. Требаше јавно да се повикаат заедно да си подадат рака водачите на навивачките групи, раководствата на двата клуба и играчите, смета Нацева.

Купот ја отслика реалноста во државата, која создаде толкави поделби во општеството на етничка основа, рече социологот Артан Садику, што ниту една кампања не може да влијае. Основата е подлабока, рече Садику на дебатата во Тетово.

Последните настани во областа што некогаш зближуваше – спортот,  покажаа дека општеството треба да работи на создавање на основа каде ќе се испреплетат паралелните светови на етникумите во Македонија. Не само од обичните граѓани, туку политичарите треба да покажат дека вистински се залагаат за соживот во мултиетничка Македонија.

  

AddThis Social Bookmark Button