Партиска општина или општина на граѓаните

Partiska opstina ili opstina na gragjanite by Diversity Media on Mixcloud

  

Политизираноста или партизираноста се главните пречки во Република Македонија за нефункционирањето на јавните институции во корист на граѓаните. Една од областите што овој феномен не ја остави недопрeнa е локалната самоуправа. Како се владее во општините во земјава? Како се сфаќа локалната власт? Како се станува дел од јавната администрација? На овие и на уште многу прашања поврзани за владеењето на локално ниво во Република Македонија, се дебатираше на четвртата по ред дебата во општина Чаир од проектот Дебати_мк.

На темата Партиска општина или општина на граѓаните дебатираа претседателот на Либералната Партија Ивон Величковски, градоначалник на општина Чаир Изет Меџити и политкологот Јове Кекеновски.

Според Кекеновски, треба да бидеме задоволни воопшто со процесот на децентрализација во Македонија. Но, што се однесува на тематиката на оваа дебата, тој мисли дека не може да бидеме задоволни затоа што, не само општините, туку и целата држава “падна на испитот” што се однесува до политизираноста и партизираноста.

“Јас ќе ве потсетам на тоа што пред неколку дена рече претседателот на парламеното собрание на Советот на Европа дека политизираноста и партизираноста се најголеми виновници за кршливоста на институционалниот систем во Република Македонија. Значи, на тој сегмент ние не може да ја оддалечиме и локалната самоуправа, значи партизираноста на јавната администрација е најголемиот проблем со кој се соочуваме.”, соопшти Кекеновски.

За Величковски, таканаречената партизираност на локалната самоуправа може да биде виновна за тоа што се случуваше во Скопје кон средината на минатиот месец и граѓаните погрешно да ја сфатат локалната демократија.

“Сега го плаќаме данокот на нерационалната територијална организација и неправилните, односно номинално предадени надлежности. Дозволете ми да кажам дека во Центар државата може да прави споменици, дека општината може да прави урбанистички план, а тоа се однесува на постоечки градски плоштад. Тоа докажува дека ние немаме функционална стабилност на локалната самоуправа и изразот на задоволство чие било и по било која причина. Ова покажува дека всушност, кај нас, локалната самоуправа не постои за граѓаните, туку е политички производ и производ наменет за политиката”, рече Величковски и додаде:

“Од тие причини, дозволете да ве шокирам со неколку либерални политики кои што морам да ги споделам толку поради што сметам дека по 10,11,12 години по Рамковниот Договор ние мора да сфатиме дека влегуваме во нова фаза, во фаза кога мора да ги процениме ефектите, да ги коригираме слабостите, да ги искористиме предностите на новиот воспоставен систем на локалната самоуправа токму врз основа на тој договор, односна на нашиот Устав. Сметам дека локалната самоуправа треба да биде извадена од рацете на политичката манипулација. Немаме само потреба од дефинирање на второстепени форми на организирање на општините, туку и на организирањето на општините според нивниот вид. Ќе ве потсетам дека градот Скопје има над четриесет села на нејзиниот состав. Не, тоа не е можно за една урбана метропола. Ако сакаме да правиме вистинска промена во Македонија треба да има урбани и рурални општини затоа што тие треба да имаат пристап до различни фондови со кои ќе ги остаруваат потребите на граѓаните”.

Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити зборуваше за реалните проблеми со кои се соочуваат општините во овој аспект.

“Децентрализацијата е подлабок процес од општината или од општинската администрација. За жал, и едно 5-6 годишно дете од Чаир, полесно може да зборува за составот на политичките партии отколку составот на еден фудбалски клуб и ова е реалноста дека во ова општество се е политизирано. Есенцијалниот проблем, мислам дека е фискалната децентрализација. Може да има добра политика, може да има добра волја, но ова е мојот трет мандат и во овие години имало различни власти во Република Македонија, сите тие повикуваа на децентрализација на обврски, децентрализација на компетентности, но не и на финансиите. И кога се пренесуваат надлежностите без финансиска поддршка, тогаш општините се соочуваат со невозможност за реализирање на овие компетенции.”

Величковски отворено зборуваше за регионализирањето или поделбата на власта на три нивоа и според него, овие се прашања, ако се дискутираа навреме и ако се најдеше решение, во Македонија немаше да се случи 2001 година и меѓуетничките односи немаше да бидат во ова ниво на влошување.

“Ако бевме доволно доблесни да отвориме прашање што беа неопходни да ги отвори стравовите кај Македонците, кај Албанците, кај Турците, кај Бошњаците и кај сите тие што живеат во Македонија, ние практично немаше да имаме 200, но, ќе имавме третман на прашања адекватно на време и предизвиците пред кои бевме исправени. Ставам акцент кај регионализацијата за да го отвориме нашето моментално нефункционирање. Ако нешто од денеска не функционира економски, утре нема да функционира на политички аспект”, посочи Величковски и продолжи:

“На пример, билатералното организирање во кое во има на процент на албанци, и во процент на населението воопшто, дојдовме до мал број на општини кои имаат големи вредности, но уште поголеми долгови. Затоа, кога го отворам ова прашање за регионализација, го отворам прашањето за нашето системско и функционално поддржување. Не може да бидеме свесни за ова, ние не може да ги избереме соседите, но може да го одбереме односот.”

Величковски ја заокружи темата со заклучок дека штом економското нефункционирање ѝ се закани на Македонија, штом им се закани на општините, ќе им се закани и на меѓуетничките односи.

Дебатата е дел од проектот Дебати_мк што ДиверзитиМедиа ги организира во рамки на проектот поддржан од CivicaMobilitas од Центарот за Институционален Развој (ЦИРа). Проектот има за цел да ги вклучува граѓаните и интелектуалната, академската и експертната јавност за тие на активен начин да се вклучат во развојот на јавниот дијалог.

  

AddThis Social Bookmark Button