Дебата_мк: Патриот си ако инвестираш во Македонија

 

„ Патриот си ако инвестираш во Македонија“. Ова беше темата на шестата дебата од серијата јавни дебати што низ Македонија ги организира Здружението на граѓани ДИВЕРЗИТИ МЕДИА.

Во Кичево дебатираа експерти, политичари, претставници на локалната власт и граѓани.

Советникот во општинскиот совет, Ванчо Србаковски вели дека локалната самоуправа „апсолутно не зборува за инвестиции. Имаме задача, колку раководители да избркаме од работа. Немаме муабет за бизнис“, додава тој.

Србаковски оценува дека печалбарите не се заинтересирани да вложуваат дома зашто имале лоши искуства.

Поранешниот градоначалник на општина Кичево Благоја Деспотовски гледа промена на курсот на новата локална власт и блокада на она што тој го почнал со изградба на индустриски зони и во привлекувањето инвеститори.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека етничките Албанци не се поголеми патриоти за инвестирање поради емиграцијата.

„Традиција е да се има семеен бизнис зашто порано малку биле застапени во администрација и биле фокусирани кон претпиемаштвото. По 1991 година им го земаа претприемаштвото и ги направија административци“ , смета Адеми.

Тоа што во Кичево е парадоксално е огромниот број трговски дуќани, обложувалници и угостителски локали, смета Универзитетскиот професор Синиша Наумоски.

Тој вели дека „тоа е одраз на тешка економска депресија и сиромаштија“ и проценува дека со деполитизацијата во сите сфери, како и со децентрализација на бизнисот ќе ја смени сликата на Кичево

Овој град има 27 илјади жители од кои над 7.000 се невработени.

 

 

AddThis Social Bookmark Button