„Заборавените жртви на комунизмот“

Како дел од проектот „Бугарските и македонските жртви на комунизмот – денес жртви на заборавот и незнаење“, финансиран од Европската Унија, од програмата „Европа за граѓаните“, на 23 август 2013 година, во кино „Милениум“ се одржа премиерата на филмот „Заборавените жртви на комунизмот“,.

Промоцијата што ја организираше Здружението „Диверзити медиа“ од Скопје, беше единствениот настан во Македонија, со кој се одбележа Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тоталитарните и авторитарните режими. 

Меѓу присутните на проекцијата беа осудени и репресирани жртви од поранешниот систем и нивните семејства, претседателите и претставници на здруженијата на политички затвореници во Македонија. Потоа, активисти кои се залагаат за донесување  закон со кој државата ќе се оддолжи кон жртвите на системот, универзитетски професори, како и медиуми.

Според впечатоците на присутните, филмот е единствена прилика да се чујат сведоштвата на луѓето на кои им биле прекршени основните човекови права во име на еден тоталитарен режим.

Филмот „Заборавените жртви на комунизмот“ содржи сведоштва на репресирани и затворани, осудени во комунистичкиот систем во Македонија и во Бугарија. Интервјуата ги снимаа младински тимови составени од студенти и средношколци од универзитетот „Неофит Рилски“ и НХГ Св.„Кирил и Методиј“ од Благоевград , Бугарија. Од Македонија во снимањето учествуваа студенти од Државниот универзитет „Гоце Делчев“ и ученици од СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип.

Филмот ќе послужи како дополнителен наставен материјал на часовите по историја во средните училишта.

Проектот „Жртвите на комунизмот од BG и FYROM – денес жртви на заборавот и игнорирањето“,  e  поддржан од програмата на ЕВРОПСКАТА УНИЈА -  Europe for Citizens. Диверзити медиа е партнер во проектот на бугарската невладина организација  „СНЦ Пирин ТВ“ и  здружението „Политички затвореници“ од Чешка. 

http://www.bg-fyrom-victims-of-communism.com/mk_index.php

AddThis Social Bookmark Button