„Отчетноста и транспарентноста не ни се јака странаˮ

Ова беше темата на шестата радио – дебата на Здружението Диверзити Медиа од серијата радио – дебати „Дебатирањето менуваˮ, проект финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон. Како и секој вторник, дебатата на 15 октомври, се емитуваше во живо, од 13 до 14 часот, на нашиот партнер – поддржувач Радио МОФ.

На темата дебатираа новинарката и уредник на емисијата КОД, Снежана Лупевска, извршниот директор на Фондацијата Фокус Весна Шкортова и економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Треба да помине подолг период за да разбереме колку е важно да бидеме отворени. Советници од една општина свикаа седница дали да ни дадат информации или не. Бевме обвинети дека сакаме многу да знаемеˮ, рече Шкортова, чија Фондација има направено софтверско решение токму за вклучување на граѓаните во работата, отчетноста и транспарентоста на општините Велес, Лозово, Чашка и Градско.

За Лупевска, која се посвети на фактот дека повеќето медиуми и новинари не посветуваат време да покријат токму такви теми, рече дека кривицата е на двете страни.

„Ниту медиумите прашуваат, нути пак, институциите чувствуваат да дадат отчетˮ.

Аналитичарот Адеми пак, посочи:

„Граѓанинот не може да биде експерт по економија. Мора да му објасните што колку чини. А, парите се кријат во ставките и во анекс - договоритеˮ.

Лупевска додаде дека Интернетот и социјалните медиуми се добар инструмент за транспареност и отченост во работата на институциите.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Недостигаат конструктивни дебати помеѓу политичари, академици, интелектуалци, студенти, млади професионалци...Тоа можеби е така бидејќи земјава во последните неколку години се соочува со ситуација на подвоено општество и поради присуството на страв дека е многу негативно да се биде критичен.

Затоа, решивме малку да ги „поттурнемеˮ работите. Да им дадеме можност на дебатите. Согласно нашата цел и стратешка задача како организација која ја промовира различноста и се залага за развој на медиумите во Македонија, посебно на радиото како медиум, одлучивме битката на јасната, критичка, „ЗАˮ и „ПРОТИВˮ  мисла да ја водиме токму на радио.

Повеќе за проектот може да прочитате тука:http://diversitymedia.mk/index.php/407

  

  

AddThis Social Bookmark Button