„Образованието во Македонија не поттикнува на соживотˮ

На оваа тема на седмата по ред радио - дебата дебатираа Небојша Мојсоски од Македонскиот центар за граѓанско образование, Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование и Билјана Крстеска Папиќ од Нансен Дијалог Центарот од Скопје.

Радио – дебатата на Здружението Диверзити Медиа е од серијата радио – дебати „Дебатирањето менуваˮ, проект финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон.

Како и секој вторник, така и дебатата на 29 октомври, се емитуваше во живо, од 13 до 14 часот, на нашиот партнер – поддржувач Радио МОФ.

„Училиштата живеат во паралелен светˮ, коментираше Мојсоски на прашањето дали образованието во Македонија поттикнува или не поттикнува на соживот. На тоа тој додаде:

„Не Стратегија за интегрирано образование. Треба веднаш да се дејствува!ˮ.

Според Маричиќ ситуацијата на терен е трагична. Тој посочи дека сè помалку луѓе од различни етникуми се познаваат меѓу себе. Но, смета дека решение има:

„Политичките фактори треба да го скршат мразот и притисокот да биде врз нив, а решенијата треба да се бараат во локалните спецификиˮ.

За Крстеска Папиќ, постои тенденција за создавање моноетнички училишта. Таа вели дека за да може образованието да поттикнува на соживот, прво треба да се работи со родителите, потоа со наставниците, а на крај со учениците.

„Интеракцијата е клучна за континуитетˮ, смета таа.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Недостигаат конструктивни дебати помеѓу политичари, академици, интелектуалци, студенти, млади професионалци...Тоа можеби е така бидејќи земјава во последните неколку години се соочува со ситуација на подвоено општество и поради присуството на страв дека е многу негативно да се биде критичен.

Затоа, решивме малку да ги „поттурнемеˮ работите. Да им дадеме можност на дебатите. Согласно нашата цел и стратешка задача како организација која ја промовира различноста и се залага за развој на медиумите во Македонија, посебно на радиото како медиум, одлучивме битката на јасната, критичка, „ЗАˮ и „ПРОТИВˮ  мисла да ја водиме токму на радио.

Повеќе за проектот може да прочитате тука:http://diversitymedia.mk/index.php/407

  

  

AddThis Social Bookmark Button