„Нема дебата зашто нема за што да дебатирамеˮ

На оваа тема на деветтата по ред радио - дебата дебатираа Оливера Трајковска, уредник на емисијата Вин – Вин, новинарот Зоран Иванов, новинарот и основач на порталот за вести МКД.мк Александар Дамовски и универзитетскиот професор Мимоза Ристова.

Радио – дебатата на Здружението Диверзити Медиа е од серијата радио – дебати „Дебатирањето менуваˮ, проект финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон.

Како и секој вторник, така и дебатата на 12 ноември, се емитуваше во живо, од 13 до 14 часот, на нашиот партнер – поддржувач Радио МОФ.

„Добра дебата кај нас се подразбира само ако еден е понижен. Овие 20 години не поставивме темели за добра дебата. Дебата не е дуел Заев - Груевскиˮ, коментираше Трајковска.

Професорката Ристова рече во демократски развиените земји дебатата се учи уште во први и второ одделение од основното образование.

„Само во случај на притисок од граѓаните ќе има дебата”, смета Дамовски.

Иванов заклучи дека политиката го узурпира секој простор во Македонија, најмногу медиумскиот. А, тој, според него, треба да поттикнува дебати.

Сите категорично заклучија дека во Македонија нема дебата.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Недостигаат конструктивни дебати помеѓу политичари, академици, интелектуалци, студенти, млади професионалци...Тоа можеби е така бидејќи земјава во последните неколку години се соочува со ситуација на подвоено општество и поради присуството на страв дека е многу негативно да се биде критичен.

Затоа, решивме малку да ги „поттурнемеˮ работите. Да им дадеме можност на дебатите. Согласно нашата цел и стратешка задача како организација која ја промовира различноста и се залага за развој на медиумите во Македонија, посебно на радиото како медиум, одлучивме битката на јасната, критичка, „ЗАˮ и „ПРОТИВˮ  мисла да ја водиме токму на радио.

Повеќе за проектот може да прочитате тука:http://diversitymedia.mk/index.php/407

 

 

AddThis Social Bookmark Button