За дебатата и дебатирањето

  

Диверзити Медиа денеска, петок, 15 ноември 2013 година во Книжарница во Чаршија (Libraria e Çarshisë)ја промовираше брошурата „Дебати_мкˮ.

Брошурата е производ од сите десет јавни дебати на различни и актуелни теми што Диверзити Медиа ги организираше во периодот помеѓу април и септември 2013 година. Во неа има фотографии и најинтересните поенти од панелистите од сите јавни дебати. 

Таа е овозможена со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

На промоцијата беа присутни дел од панелистите на десетте јавни дебати, претставници од невладиниот сектор, како и главните „виновнициˮ на проектот „Дебати_мкˮ, членовите на Здружението Диверзити Медиа.

Дебатата е формален натпревар на аргументи помеѓу два тима или поединци. Во поширока смисла, и што е уште поважно дебатата е основна алатка за развивање на демократијата. Најмногу, дебатата е начин на дискусија за оние кои што имаат спротивни ставови за контроверзни теми. Заштитен знак на дебатата е тоа што многу ретко завршува со усогласен став. Многу почесто овозможува подлабока анализа за одредено прашање.

Францускиот филозоф Џозеф Жубер забележал: „ Подобро е да се дебатира за прашање без да се реши, отколку да се реши без да се дебатира“.

Целта на дебатата не е да се изнесат апсолутни вистини, туку да се создадат и проверат аргументите. На тој начин учесниците во дебатата можат подобро да ги разберат сопствените и туѓите ставови. Со тоа, дебатата ги поттикнува основните демократски вредности преку слободна и отворена дискусија.

Зошто „Дебати_мк“?

Во контекст на Македонија како постконфликтно општество, дебатата е важна да се залечат раните со тоа што оворено ќе се зборува за спорните теми. Дебатата ги учи луѓето на толеранција, ненасилство и почитување на различните ставови.   

Општеството во Македонија како никогаш до сега има потреба за дебати, и не само тоа, туку и дебата за дебата. Без да се влезе во детали во овие кратки реченици за причините зошто се случува оваа ситуација, развитокот на една култура за дискусиите и соочување со различни идеи треба да биде перманентна, која треба да беше дел од различните системи на општеството.  Поради овие причини, но и поради авторитарните тонови кои доминираат, се ценеше дека еден ваков проект е битен и се спроведе од страна на Диверзити Медиа.

Немањето на дебати, како еден непредвиден предизвик, оди заедно со еден константен предизвик на Македонија, а тоа се меѓуетничките односи. Стеснувањето на посторот за дебати, ја стеснува и можноста за меѓусебно познавање, што ги зголемува причините за постоење на вакви проекти.

„Еден граѓанин, лидер или кој било се впушта во дебата „искрено и темелно на крај излегува поинформиртан и појак. Оваа идеа не можете да ја добиете ако сте арогантни, површни и неиформирани„, вели Нелсон Мандела.

Соочувањето на идеите меѓу панелистите и граѓаните од различна професионална и етничка припадност во неколку града на Македонија, овозможи токму тоа - дискусии, сознанија, информации. Над се’,  помогна во креирање на културата која недостига, да се се слушне и разбере различното размислување, со што силно ја потврдува важноста за спроведување на вакви проекти.  

 

Резултати и иницијативи и кои произлегоа од јавните дебати:

  • Инициранo е Предлог законот за медиуми да го анализираат експерти од ЕУ;
  • Предложено и прифатена нова средба на Економскиот совет во Куманово со повратниците од Ирак и Авганистан, кои би разговарале околу инвестирање во слободната економска зона. Три месеци по дебатата, општина Куманово на повратниците од Ирак и Авганистан им понуди земјиште во индустриската зона по цена од едно евро за квадратен метар.
  • Иницирано преку една од пратеничките групи во Собранието на РМ да се побара активирање на неактивните комисии како контролен механизам.
  • Иницијатива за измена на начинот на функционирање на локалната власт, преку регионално организирање и јакнење на општините. Изнесена е идејата за промена на Законот за локална самоуправа, со кој организирањето на општините ќе се одвива преку регионален концепт.
  • По инцидентите на спортските терени, на дебатата посветена на спортот и инцидентите на меѓуетничка основа, беше предложено едукација на навивачките групи во странство. Вториот предлог беше прифаќање на концептот од Хрватска, каде е воведено легитимирање и регистрација на членовите на навивачките групи. Два месеци по јавната дебата, МВР предложи законски измени каде се предлага вградување на овие одредби.
  • Кичево како печалбарски град да ги понуди капацитетите на иселениците и емоциите за татковината да ги трансформира во бизнис на домашен терен - беше иницирано на јавната дебата.
  • Охридското крајбрежје е нападнато од урбанистичката експанзија, беше констатирано на  јавната дебата во Струга. Едно од предложените решенија во вид на иницијатива беше формирање на  експертско тело составено од архитекти, градежни инженери, урбанисти, екологисти и претставници на општината и археолози, кои ќе го разгледуваат секој градежен проект.
  • На дебатата посветена на студентското движење во Македонија беше иницирана нова правна рамка, која би ги допрецизирала студентските организации. Беше иницирано преку законски измени да се создаде плурализам и во студентското организирање.

   

AddThis Social Bookmark Button