„Миграцијата ќе се намали ако се подобри политичката ситуација во Македонијаˮ

На оваа тема на десетатта по ред радио - дебата дебатираа Мариче Тренеска, социјален работник и Александар Цветкоски, магистер по економски науки, и двајцата од Прилеп.

Радио – дебатата на Здружението Диверзити Медиа е од серијата радио – дебати „Дебатирањето менуваˮ, проект финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон. Таа е една од четирите радио – дебати што се организираат низ Македонија. Овој пат, тоа беше Прилеп.

Како и секој вторник, така и дебатата на 26 ноември, се емитуваше од 13 до 14 часот, на нашиот партнер – поддржувач Радио МОФ.

„Не може да се обвини само политиката за оваа состојба. Недостиг на самоиницијативност и иницијативност воопшто кај луѓето за самовбработување. Го немаме, ниту сме го имале. Тоа е последица на системот. И на овој и на претходниот. Не е во нашиот ген да размислуваме деловно. Кај нас е играј лотарија за да станеш богат”, рече Цветкоски.

Тренеска, која работи со млади преку Коалицијата на младински организации СЕГА од Прилеп посочува:

„Сите млади со кои контакрираме се млади со капацитет и имаат што да дадат. Она што ги фрустрира се малите пари што ги добиваат за некој ангажман. Малку луѓе може да градат кариера после завршување факултети. На запад може да станат експерти за пет до 10 години. Младите кај нас не се зачленуваат во партија за да ја следат идеологијата, туку за да се вработат”.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Недостигаат конструктивни дебати помеѓу политичари, академици, интелектуалци, студенти, млади професионалци...Тоа можеби е така бидејќи земјава во последните неколку години се соочува со ситуација на подвоено општество и поради присуството на страв дека е многу негативно да се биде критичен.

Затоа, решивме малку да ги „поттурнемеˮ работите. Да им дадеме можност на дебатите. Согласно нашата цел и стратешка задача како организација која ја промовира различноста и се залага за развој на медиумите во Македонија, посебно на радиото како медиум, одлучивме битката на јасната, критичка, „ЗАˮ и „ПРОТИВˮ  мисла да ја водиме токму на радио.

Повеќе за проектот може да прочитате тука:http://diversitymedia.mk/index.php/407

  

  

AddThis Social Bookmark Button