Избирачките системи, во интерес на граѓаните или политичките партии

Избирачките системи, во интерес на граѓаните или политичките партии” е насловот на првата јавна дискусија организирана од Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии, што ќе се одржи во Театар Пошка во Струга, во сабота, 26 септември, со почеток во 17 часот.  

Панелисти што ќе дискутираат на темата ќе бидат Башким Бакиу, политиколог и Адриан Демири, правник, а целта на првата, како и на останататите 11 јавни дискусии што ќе се организираат во рамки на проектот Глокал Дискусии е да се потикне дискусија. Но и да се зајакне доброто владеење, давајќи им глас на сите во цела Македонија да изразат нивно мислење за теми битни на целото општество.

Граѓаните на Македонија ретко имаат можност лично да присуствуваат на дебати за актуелни теми со претставници на интелектуалната, уметничката, академската и експертската јавност на Македонија. Уште помалку шанси добиваат да почуствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови на локално ниво.

Затоа, за да се подобри состојбата со слободата на говор и да се поттикне повеќе дебати и дискусии, а воедно да се зајакне доброто владеење на локално и централно ниво, Диверзити Медиа започна со проектот Глокал Дискусии. Во него, преку 12 јавни дискусии во 12 различни града во Македонија, ќе се обидеме да создадеме повеќе простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво но давајќи им можност на граѓаните на цела Македонија да се изразат и да придонесаат за овиее теми. Во дискусиите ќе бидат вклучени локални креатори на политики, интелектуалци, новинари и најважно – локални жители.

Вкупно шест различни теми ќе бидат дискутирани во 12 различни града, а во периодот до Август 2016, Диверзити Медиа ќе изработи и 12 медиумски производи од јавните дискусии, што потоа ќе бидат објавени на платформата на Диверзити Медиа, Алсат М Телевизија, како и на социјалните мрежи на организацијата. Ќе се изработи и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат истите теми, односно проблеми во две различни средини.

Проектот е подржан од Civica Mobilitas, а партнер во неговото спроведување е телевизијата Алсат-М.

                        

AddThis Social Bookmark Button