Паметни пратеници и отворени листи

Стружани беа домаќини на првата јавна дискусија на Диверзити медиа, насловена како „Изборните системи во интерес на граѓаните или политичките партии“.

Заклучоците од дискусијата беа дека граѓаните сакаат достоинствени преставници во парламент и изборен систем кој ќе им овозможи директен избор на пратениците.

Ова јавна дискусиа, е дел од проектот Глокал дискусии_мк  која се реализира во соработка со телевизијата Алсат М, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, имплементирана од МЦМС и данската организација НИРАС.  

Назим Рашиди носи повеќе  

Изборните системи се битни бидејќи влиаат во динамиката на политичкиот живот. Но кога изборниот систем се дискутира како дел од решение на политичката криза во Маедонија дали се зема предвид интересот на граѓаните или партиите?

Еден од учесниците во дискусијата, политикологот Башким Бакиу се заложи за системот во кој Македонија ќе биде една изборна единица, исклучи можноста да се избираат пратеници од дијаспората и пратениците да бидат поквалитетни:

“Во земји каде пратениците се избрани со мнозински модел тој е директно поврзан и комуницира со луѓето. Во актуалниот систем партијата е таа која решава кој ќе биде пратеник, можеби има некој филтер како се наоѓаат кадровските решениаа, меѓутоа со актуалниот систем пратеникот се контролира повеќе од партијата од колку од граѓаните. Тој повеќе го слуша гчасот на партијата, лидерот кој понекогаш не се сповпаѓа со интерсот на граѓаните. За жал во последен период собраниетп не е арена за дебата туку се претворила во гласачка машинерија, исклучувајќи ги интересите на одредени групи, граѓаните. Тоа што фали моментално е систем на вредности и кај институциите и кај полтичките партии бидејќи многу лесно може да станеш пратеник без соодветно образование ако само имаш подршка од партијата или лидерот„ вели Бакиу.

Адриан Демири, правник од Струга, панелист во дискусијата направи пресек на сите избирачки модели со кои биле спроведени избори во Македониа од независноста до сега.

„Македонија во 25 години од независноста имаа реализирано неколки избирачки циклуси. До 1998 се употрбуваше мнозинскиот модел, каде целата територија на Македонија беше поделена на 120 единици од кои се избираа по еден пратеник. После 1998 се аплицира комбиниран модел, 85 пратеника се избираа дирекно а 35 со пропорционален модел. Според мое мислење ако се аплицира монзисни кодел може да биде поефикасе од тој што се атлицира од 2002, или пропорционалниот модел, бидиејќи пратениците ќе бидат директо инволвирани во траката за избор. Денес со овој систем имаме јаки партии кои ги занемаруваат интересит на граѓаните а лидерите станале суллтани„, вели Демири.

Во дискусијата мислење дадоа и граѓаните. Еве како тие ги гледаат проблематиките со изборните системи и нивноот интерес:

“Сите зборуваме за систем на вредности кој не функционира. Мислам дека отворените листи ќе бидат во функиција на системот на вредности. Исто така една изборна единица. Со овој модел албанците може да исгибат 1 до 2 пратеника ама ова не е битно, нивниот квалитет е битен„

„Мојот проблем не институционале туку политички и тој извира од долу, од кај граѓаните. Имаме тенденција да се фокусираме само во центарпт и забораваме дека влста не е статична и дека има динамика и дека луѓето поради тоа треба да направат притисок за нивните интереси„

„Ние имаме базични проблеми со демократијата со кредибилнота на институциите и со легитимитетот на избирачите, нешто што се преговара да се реши и со меѓународни посредници. Ако се постигне вредноста на гласот да биде иста како елементарно начело на правото и не дискриминацијата во ниво на цела република тогаш ќе биде еден напредок. Каде се заканува вредноста на гласот? Гласачките листи кои се исполнети со луѓе кои не постојат што носи до искривување на волјата на граѓаните и гласањето на диаспората„.

Тоа што може да се заклучи од јавната дискуција е дека граѓаните сакаат достоинствени преставници во парламент и изборен систем кој ќе им овозможи директен избор на пратениците.

Ова беше првата од предвидените 12 јавни дискусии, што Диверзити медиа ги организира заедно со телевизијата Алсат М, во рамките на проектот Глокал дискусии_мк, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, имплементирана од МЦМС и данската организација НИРАС.   

На истата тема ќе се дискутира во Струмица. Идејата е да се направи пресек на размсилувањата на една иста тема во две различни средини.

 

AddThis Social Bookmark Button