Јавна Диксусија во Тетово Здравата животна средина е основно човеково право

Темата на четвртата јавна дискусија во организација на Диверзити Медиа ќе биде „Здравата животна средина е основно човеково право”. Таа ќе се одржи во четврток, 3 декември, од 12 часот, во салата на советот на општина Тетово. Дискусијата се одржува во рамки на проектот Глокал Дискусии.

Панелисти на оваа тема ќе бидат Теута Џафери, секретар на општина Тетово и Арианит Џафери, лидер на Еко Герила.

Дискусијата ќе биде отворена за публиката. Целта на оваа, како и на останататите 11 јавни дискусии е да се потикне дискусија, но, и да се зајакне доброто владеење, давајќи им глас на сите да го изразат мислењето за теми битни на целото општество.

Граѓаните на Македонија ретко имаат можност лично да присуствуваат на дебати за актуелни теми со претставници на интелектуалната, уметничката, академската и експертската јавност на Македонија. Уште помалку шанси добиваат да почуствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови на локално ниво.

Затоа, за да се подобри состојбата со слободата на говор и да се поттикне повеќе дебати и дискусии, а воедно да се зајакне доброто владеење на локално и централно ниво, Диверзити Медиа започна со проектот Глокал Дискусии. Во него, преку 12 јавни дискусии ќе се обидеме да создадеме повеќе простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво но давајќи им можност на граѓаните на цела Македонија да се изразат и да придонесаат за овиее теми. Во дискусиите ќе бидат вклучени локални креатори на политики, интелектуалци, новинари и најважно – локални жители.

Вкупно шест различни теми ќе бидат дискутирани во 12 различни града, а во периодот до Август 2016, Диверзити Медиа ќе изработи и 12 медиумски производи од јавните дискусии, што потоа ќе бидат објавени на платформата на Диверзити Медиа, Алсат М Телевизија, како и на социјалните мрежи на организацијата. Ќе се изработи и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат истите теми, односно проблеми во две различни средини.

Проектот е подржан од Civica Mobilitas, а партнер во неговото спроведување е телевизијата Алсат-М.

  

AddThis Social Bookmark Button