Промовирана публикацијата „Мисли и зборувај глокално“

Диверзити медиа во партнерство со телевизијата Алсат М  го организираше завршниот настан од проектот Глокал Дискусии, поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

По 12-те јавни дебати на шест теми во 12 градови во Македонија, на 6.ноември 2016 ја промовиравме анализата публикувана во брошура за размислувањата на граѓаните во различните средини за исти теми, која е мал прозорец низ кој се гледа колкава е кохезијата во нашето општество.

„ Брошурата ни дава можност да видиме ставови од адресирање на потреби за поголемо меѓусебно запознавање, па се до креирање на заеднички иницијативи, што е придобивка за сите. Целиот проект создаде една локална динамика за прашања од интерес на сите во земјава, комбиниран со дискусиите, нивното пренесување до гледачите и печатењето на анализата, имавме за цел на еден скромен начин да потпомогнеме во поттикнување на други конкретни чекори за едно сензитивно и влијателно општество“ , истакна на промоцијата претседателот на Здружението, Назим Рашиди.

На настанот во кафе-книжарницата во Старата скопска чаршија зборуваа некои од панелистите присутни на дел од дебатите организирани низ Македонија.

Универзитетскиот професор Нано Ружин, забележа:  „кохезијата во Македонија е соочена со предизвикот граѓаните да го бараат одговорот на прашањето кои сме ние во услови кога не функционираат демократските институции, медиумите не се слободни, Собранието е гласачка машина.“

За аналитичарот Алберт Муслиу „основен проблем на кохезивна Македонија е дефектот на институциите кој е со датум од осамостојувањето. Пример за тоа е полицијата која во деведесеттите брутално ги кршеше правата само на албанската етничка заедница за што никој од останатите не реагираше. Денес ја применува бруталноста кон сите граѓани подеднакво.“

Петрус Теуниз, меѓународниот тим лидер на Цивика Мобилитас, поздравувајќи го проектот на Диверзити Медиа, изрази поддршка за ваквите обиди на граѓанскиот сектор да отвори теми за кои сите граѓани имаат интерес и што во исто време може да придонесе кон поголема општествена кохезија.

Публикацијата „Мисли и зборувај глокално“ ја подготви политикологот Башким Бакиу. Во неа се поместени куси анализи од 12-те дебати што се одржаа низ Македонија во изминатата година. Изборните системи во интерес на граѓаните или на политичките партии беше тема на дискусиите во Струмица и Струга. Во Тетово и Битола се разговараше за здравата животна средина како основно човеково право. Мигрантите не се само бројка беше тема на дискусиите во Гевгелија и Куманово. Локални експерти, граѓански активисти и претставници на властите во Штип и Гостивар разменија искуства на тема „помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците“. За перспективите на младите во малите средини се разговараше во Кочани и Кичево. Дојран и Охрид беа домаќини на дискусиите со ист наслов „Уметниците поттикнувачи на граѓанскиот активизам“.

AddThis Social Bookmark Button